Нацрт - правилник за утврдување на услови, критериуми и постапка за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници

Министерството за култура на Република Македонија го објавува и го става на јавна расправа нацрт - правилникот за утврдување на условите, критериумите и постапката за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници...

Станува збор за првичен неофицијален документ, односно подобрена верзија на досегашниот Правилник, со основни измени и дополнувања во насока на терминолошко редефинирање (или осовременување) на одредени дејности, подобрување на општите критериуми за секоја дејност согласно современите пракси, како и разработка на дополнителни квалитативни критериуми за оценување на творештвото на самостојниот уметник.

Согласно временските рокови кои ги налага Законот, по формалното усвојување, подобрената верзија од Правилникот изготвена од страна на Работната група ќе може да се користи за претстојниот конкурс за поддршка на самостојните уметници за 2018 година, кој ќе се распише најдоцна на почетокот на месец декември оваа година.

До објавувањето на конкурсот и усвојувањето на правилникот, односно до 30 ноември 2017 година, Министерството за култура отвора јавна расправа по текстот на нацрт – правилникот за утврдување на условите, критериумите и постапката за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници, со цел да се овозможи засегнатите страни да ги дадат своите предлози и сугестии за подобрување на текстот.

Предлозите и сугестиите до Работната група по однос на текстот на нацрт - правилникот може да се доставуваат на е – пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Освен тоа, Министерството за култура ќе организира и ќе учествува на јавни дискусии, на кои ќе се дебатира содржината на овој нацрт- правилник.

Текстот на нацрт - правилникот за утврдување на условите, критериумите и постапката за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници може да се симне и сочува на овој линк:

Нацрт - правилник за утврдување на услови, критериуми и постапка за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia