Известување за одржување на Конференцијата: „Креативна Европа на ЕУ – поттик за културна соработка“

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека во соработка со Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија (Сектор за култура) и Агенцијата за филм на РМ, организира конференција на тема: „Креативна Европа на ЕУ – поттик за културна соработка“, која ќе се одржи на 13 ноември 2017 година со почеток во 10:00 часот во просториите на ЕУ Инфоцентарот во Скопје.  На конференцијата ќе учествуваат високи преставници на Владата на Република Македонија, на Извршната агенција при Европската комисија и  на Делегацијата на Европската Унија во Скопје...

Програмата „Креативна Европа“, како инструмент на Европската Унија наменет за реформи во културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор, со својата комплексност опфаќа повеќе аспекти на европската културна соработка која се спроведува во рамките на актуелните политики на Европската Унија, како што се надворешната политика, регионалната соработка, политиката за проширување, културната дипломатија и сл.

Во оваа насока, во рамките на конференцијата детално ќе бидат разгледани горенаведените теми со цел до македонските културни оператори да се приближи комплексниот контекст на програмата и нејзината улога во евроинтеграциските процеси.

На конференцијата ќе биде опфатен и практичен дел кој се однесува на досегашните резултати од спроведувањето на програмата на европско ниво, како и тековните повици за аплицирање за потпрограмите „Култура“ и „МЕДИА“. Во рамките на овој дел за првпат ќе учествува г. Карел Бартак, раководител на Секторот за култура при Извршната агенција во Брисел, кој директно ќе ги пренесе ставовите и критериумите на Извршната агенција до македонските оператори.

Присуството на Конференцијата може да се потврди на следниве електронски адреси:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  и   Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Програмата на Конференцијата може да се пронајде и сочува на следниот линк:
Програма на Конференцијата: „Креативна Европа на ЕУ – поттик за културна соработка"