Втора информативна сесија (онлајн) за Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2018 г

Министерството за култура на Република Македонија утре (1 ноември 2017 година) организира онлајн информативна сесија за сите потенцијални апликанти на Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2018 година. Втората информативна сесија ќе се одржи онлајн утре од 14 до 16 часот на официјалната Фејсбук страница на Министерството за култура https://www.facebook.com/Ministerstvo.za.kultura/.

Во периодот помеѓу 14 и 16 часот, сите заинтересирани ќе можат да поставуваат прашања во форма на коментари на посебната објава за онлајн информативната сесија на Фејсбук страницата на Министерството, на кои задолжените лица за спроведување на Конкурсот ќе одговараат во живо - преку одговор на коментарот на објавата, односно поставеното прашање.

Целта на информативните сесии е сите заинтересирани и потенцијални апликанти да се запознаат подобро со целите и приоритетите на конкурсот и да ги дознаат сите информации потребни за подготвување поуспешна апликација.  Првата информативна сесија се одржа на 25 октомври, а третата информативна сесија ќе се одржи на 8 ноември, од 15 часот во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје и ќе имаседум паралелни инфосесии за сите конкурсни пријави по дејности.

Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2018 година беше распишан на 30 септември 2017, а рокот за пријавување е до 15 ноември 2017. Поподробни информации за конкурсот и документите за аплицирање може да се најдат и подигнат на линкот: http://kultura.gov.mk/index.php/konkursi/3066--2018.