Информативни сесии за Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 година

Министерството за култура на Република Македонија ја информира јавноста и сите потенцијални апликанти на Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 дека ќе организира информативни сесии, со цел сите заинтересирани да се запознаат подобро со целите и приоритетите на конкурсот и да ги дознаат сите информации, кои им се потребни за подготвување на поуспешна апликација.

Информативните сесии ќе се одржуваат по следниов распоред:

-       Првата информативна сесија ќе се одржи на 25.10.2017 (среда) со почеток во 15 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала Станица“ во Скопје на Националната галерија на Македонија (седум паралелни инфо - сесии за сите конкурсни пријави по дејности);

-       Втората информативна сесија ќе се одржува онлајн на 01.11.2017 (среда), од 14 до 16 часот на официјалната Фејсбук страница на Министерството за култура: https://www.facebook.com/Ministerstvo.za.kultura/ ;

-       Третата информативна сесија ќе се одржи на 08.11.2017 (среда) со почеток во 15 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала Станица“ во Скопје на Националната галерија на Македонија (седум паралелни инфо-  сесии за сите конкурсни пријави по дејности);

Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 година е распишан на 30.09.2017. Последен рок за пријавување на конкурсот е до 15.11.2017.

Поподробни информации за конкурсот и документите за аплицирање можат да се пронајдат и подигнат на следниот линк: http://kultura.gov.mk/index.php/konkursi/3066--2018-