Повик за учество на јавна расправа за нацрт - стратегијата за културен развој на РМ 2018-2022

Министерството за култура на Република Македонија ги повикува сите заинтересирани страни да се пријават за учество на јавната расправа за нацрт - стратегијата за културен развој на Република Македонија за 2018 – 2022 година, која ќе се одржи на 18 октомври 2017 година во Музејот на современа уметност во Скопје, со почеток во 10 часот.

Поради ограниченост на местата за учество, пријавувањето на учеството на јавната расправа е задолжително. Заинтересираните можат да го пријават своето учество најдоцна до 17 октомври 2017 година до 13 часот, со испраќање на писмо со наслов „Пријава за јавната расправа за нацрт - стратегијата за културен развој на РМ 2018-2022“ и податоци за пријавените учесници (име и презиме, организација, функција) на е – пошта:   Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Контакт – лице за дополнителни информации: Марија Зафировска, тел: 078 298 210