Повик на Делегацијата на ЕУ во Скопје за проекти поврзани со Европската година на културно наследство 2018 година

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека Делегацијата на Европската Унија во Скопје на 9.10.2017 година објави „Повик за проекти поврзани со Европската година на културно наследство 2018 година“, наменет  за институциите од областа на културното наследство и  организациите од останантите културни и креативни сектори.

Delegacija_EU_konkurs_evropska_godina_na_kulturata_2018 


Целта на повикот е да се промовира културното наследство како инспирација за иновативност во современото уметничко творештво за да се зајакне соработката помеѓу секторот за културно наследство и другите културни и креативни сектори.

За поддршка на овие проекти, Делегацијата на ЕУ  во Скопје алоцираше  вкупно 30.000 евра за најмногу десет проекти.

Повеќе информации за повикот можете да најдете на следниот линк: https://eeas.europa.eu/delegations/former-yugoslav-republic-macedonia/33569/call-proposals-projects-related-european-year-cultural-heritage-2018_en

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia