Реакција на Министерството за култура за отвореното писмо на Лабина Митевска упатено до Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев

Во врска со отвореното писмо на актерката и продуцент Лабина Митевска упатено до Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, поврзано со колумната на Златко Теодосиевски со наслов „Политикантски памфлет“ објавена на 2 октомври 2017 година на порталот „Плусинфо“,  Министерството за култура на Република Македонија децидно ги отфрла обвинувањата за какви било закани и притисоци од страна на Министерството за култура и Владата на Република Македонија по однос на прикажувањето на филмот „Кога денот немаше име“ на Теона Митевска, во производство на продукцијата „Сестри и брат Митевски“.

Напротив, токму Владата на Република Македонија, надлежната Агенција за филм и Министерството за култура помогнаа да се разреши ситуацијата од пред неколку месеци помеѓу организаторите на Фестивалот, Друштвото на филмски професионалци на Македонија и продуцентите на филмот, по што тој и беше прикажан на годинашното издание на Фестивалот „Браќа Манаки“. Токму со тој потег оваа Влада и раководството на Министерството ги демонстрираа во практика вредностите за кои се залагаме - отвореност, слобода на говор, можности за отворени дебати, рецензии и критики.

Во тој контекст, би сакале да потенцираме дека претставниците на Министерството за култура и на Владата на Република Македонија принципиелно застанаа на ставот да не го гледаат филмот пред неговата јавна премиера преку понудениот линк од продуцентката Митевска, ниту пак да го гледаат филмот на понудената затворена проекција од страна на продукцијата, токму затоа што не се гледаме себеси во улога на цензори или на комисии што се својствени за недемократски режими и за системи на едноумието. Министерството за култура и Владата на Република Македонија и со овој потег потврдија дека одбиваат да бидат оценувачи и рецензенти на уметноста, нешто што беше пракса на минатата власт, туку дека застануваат цврсто зад промовирањето на слободниот уметнички израз и слободата на говорот. Сметавме и сè уште сметаме дека единствен судија за уметничките дела треба да биде стручната јавност и публиката.

Што се однесува до колумната на Златко Теодосиевски, би сакале да потенцираме дека неговата  колумна е негов личен став, и во никој случај не ги одразува официјалните ставови и политики на Министерството за култура. Вистина е дека Теодосиевски е посебен советник во Министерството, но неговото присуство на Фестивалот „Браќа Манаки“ и на проекцијата на филмот било во лично својство, а не во својство на советник во Министерството. Неговиот повеќегодишен колумнистички стаж и неговите колумни немаат и не смее да имаат никаква поврзаност со неговиот ангажман и задолженија во Министерството.

Министерството за култура на Република Македонија упатува отворен повик до нашата истакната уметница Лабина Митевска за отворен разговор, со искрена надеж дека ќе успееме да ги надминеме овие недоразбирања.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk