Министерството за култура го поттикнува граѓанското учество во развојот на културните политики

Министерството за култура на Република Македонија денес (четврток, 14.09.2017) во Кинотеката на Македонија организираше Форум за политики како место за дискусија за процесот на развој на стратегијата за културен развој (2018-2022). Околу осумдесет претставници на организациите на граѓанското општество, културни работници, уметници и активисти, како и претставници на релевантни институции, министерства, општини, меѓународни организации и медиуми учествуваа на настанот кој им даде можност за придонес во креирањето на највисокиот документ за културна политика.

Во обраќањето на Форумот, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, ја афирмираше посветеноста и заложбата на Министерството за суштинско вклучување на граѓаните во градењето и обликувањето  на културните политики. „Министерството за култура влегува не само формално, туку со сите свои капацитети и суштински во сите стратешки процеси, кои ќе треба да го дефинираат понатамошниот развој на културата и уметноста кај нас на среден и подолг рок. Таа визија не смее да биде наметната и да доаѓа одозгора, туку да ги вклучува сите во нејзиното обликување“, истакна министерот Алаѓозовски.

Форумот за политики беше поддржан од УСАИД преку Проектот за граѓанско учество (CEP).

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk