Форум за развој на културните политики и претставување на првичниот нацрт на стратегијата за културен развој (2018-2022)

Министерството за култура на Република Македонија, на 14 септември 2017 година (четврток) со почеток во 10:00 часот во Кинотека на Македонија во Скопје, организира Форум за развој на културните политики, кој ќе обезбеди место за дијалог поврзан со процесот на развивање на стратегијата за културен развој (2018-2022). Организацијата на форумот е поддржана од УСАИД, преку Проектот за граѓанско учество.

Форумот ќе го отвори министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски. Потоа, како главен говорник за партиципативните процеси во развојот на културните политики, на учесниците ќе им се обрати истакнатиот хрватски културен работник и активист, Теодор Целаковски, додека претставникот на Работната група во Министерството за култура за развој на Националната стратегија, Златко Теодосиевски, ќе го презентира првичниот нацрт на стратегијата.

Учесниците на форумот ќе имаат можност да разговараат за првичниот нацрт на Стратегијата и да ги изнесат нивните согледувања, коментари и предлози за понатамошно развивање на новата стратегија за културен развој на земјата.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia