Соопштение за разрешување на директорот во Н.У Македонска филхармонија - Скопје и именување на в.д директор

Министерството за култура на Република Македонија донесе решение за разрешување на Маја Чанаќевиќ од функцијата директор на Националната установа Македонска филхармонија - Скопје. За вршител на должноста директор во оваа установа е назначен Виктор Илиески, член на ансамблот на Филхармонијата.

Во функција на транспарентното работење на Министерството за култура, сметаме дека е од јавен интерес да образложиме и кои се дел од причините за разрешувањето на досегашната директорка, утврдени според наодите на инспекциските служби, при што е констатирано е дека директорката на установата не го усогласила работењето согласно со законските одредби и Статутот на установата, што е воочено преку следните наоди:

1. Директорката на Филхармонијата нема донесено годишна програма за работа на установата за 2016 г. и за 2017 г;

2. Директорка на Филхармонијата делела гратис билети над бројот утврден со Одлуката на УО, при што за свечениот концерт за отворање на новата концертна сала директорката поделила дури 636 гратис билети (од вкупно 960 билети), без прецизна евиденција кому се доделени билетите;

3. За двајца вработени музичари кои според евиденцијата подолг временски период не доаѓале на работа, директорката не презела мерки согласно со Закон и Статут, при што на едниот од нив, за вршење на работни задачи кои не се во описот на неговото работно место, покрај платата, дополнително му исплатила 550.683 денари (бруто);

4. Директорката нема изготвено решенија за распоредување на вработените на работни места согласно новите акти за систематизација и внатрешна организација на работните места;

5. Директорката направила трошок за мобилен  телефон над одобрениот максимум, но истите не ги надоместила во благајната на Филхармонијата, со што не ја почитувала Одлуката на УО;

6. Директорката не спровела постапката за реаудиција;

7. Филхармонијата нема воведено електронски систем за евиденција на работното време на вработените;

Министерството за култура потсетува дека именувањето на в.д директори, се прави со цел што побрзо ослободување на клучните институции, кои досега беа заробени од партиски кадри.

Ја информираме јавноста дека во најскоро време ќе биде предложена измена на Законот за државни службеници, со цел да се одблокираат институциите и да се обезбеди демократски трансфер на власта во сите ресори.

По исполнување на законските услови, низ целосно отворен и транспарентен процес, Министерството за култура ќе распише конкурси и ќе спроведе постапки за избор и именување нови директори на националните установи. 

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk