Со концерт на „Форплеј“ почнува „Охридско лето“

Ohridsko_leto

Охрид од денеска до 20 август ќе живее со уметноста. На сцените на Античкиот театар, Долни Сарај, црквата „Св. Софија“, нејзиното предворје, Центарот за култура „Григор Прличев“, но и други интересни локации низ градот ќе се случуваат извонредно атрактивни културни настани, во кои ќе имаат можност да уживаат сите вљубеници во уметноста, на она што претставува врв во уметноста во светски рамки ...

Со концерт на модерниот џез квартет „Форплеј“ и оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на маестро Емин Џијан вечер почнува 57. издание на фестивалот Охридско лето.

На отворањето на Фестивалот ќе се обрати и министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, како и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој е покровител на манифестацијата. 

Членовите на „Форплеј“ вчера на прес-конференција изразија воодушевување од Македонија, каде што прв пат ќе настапат, а музичарот Харви Мејсон ја нарече библиска земја.

Директорот на Фестивалот, Оливер Арсовски најави рекордни 57 настани во претстојните 40 фестивалски денови. Според него, прв пат во историјата на Фестивалот на свеченото отворање ќе има џез настан, кој предизвикал голем интерес кај публиката. Охрид годинава ќе биде домаќин на над 300 врвни уметници, изведувачи и автори од 20 земји, меѓу кои од Кина, Индонезија, САД, Холандија, Италија, Русија, Австрија, Канада и други.

Покрај џез спектаклот за отворањето на фестивалот на музичкиот дел од програмата се воведуваат и џез вечери, потоа гостувањето на Рок Симфони, Влатко Стефановски и Камерен оркестар - Битола, како и ЕЛК Камерен оркестар од Кина. Фестивалската публика ќе има можност да проследи и настапи на домашни реномирани уметнички институиции и солисти (Оркестарот на Македонска филхармонија, Камерниот оркестар на МММ, Турској камерен оркестар од Турција виолинистите Блерим Груби и Марија Вршкова,...)

Во драмскиот дел од програмата ќе бидат прикажани претстави на домашни и меѓународни театри меѓу кои „Кралот Лир“ од Шекспир во изведба на Турскиот театар од Скопје во режија на Диего де Бреа, како и „Сон на летната ноќ“ исто така од Шекспир во режија на американскиот режисер Џон Блондел, а во изведба на Битолскиот театар. Театарот од Велес Ј.Х.К- Џинот“ ќе ја изведе претставата „Ана Комнена“ од Сашо Димоски. Ќе настапат и Камерниот театар 55 од Сараево со претставата „Жаба“, „Отело“ во продукција на Театарот на бугарската армија од Софија, а ќе се одржи и концертно шоу „Меџик нешнл“ во режија на Јон Карамитру во продукција на Националниот театар од Романија.

Охрид од денеска до 20 август ќе живее со уметноста. На сцените на Античкиот театар, Долни Сарај, црквата „Св. Софија“, нејзиното предворје, Центарот за култура „Григор Прличев“, но и други интересни локации низ градот ќе се случуваат извонредно атрактивни културни настани, во кои ќе имаат можност да уживаат сите вљубеници во уметноста, на она што претставува врв во уметноста во светски рамки.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk