Триесет претстави пред 6.500 гледачи во Кумановскиот театар од почетокот на годинава

Kumanovski_teatar

Во втората половина од годинава во Кумановскиот театар ќе бидат прикажани премиери и на албански јазик финансирани од Министерството за култура ...

Актерите од Кумановскиот театар во првата половина од 2017 година одиграле 30 претстави пред околу 6.500 пoсетители, информираа надлежните од установата.

Ансамблот на Театар Куманово од почетокот на годинава подготви две премиери финансирани од Министерството за култура -   „Хај-Фај“ од Горан Стефановски во режија на Јани Бојаџи и „Интрига и љубов“ по текст на Фридрих Шилер и режија на Љупчо Ѓоргиевски.

- Одиграни се две премиери и 26 репризи во наша продукција и уште 12 претстави, гостувања и копродукции на македонски јазик, со вкупна посетеност од околу 6.500 гледачи, изјави Симона Тоскиќ, продуцент во Театар Куманово.

Кумановскиот театар гостуваше на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде актерката Сања Русеска ја доби наградата за најдобра млада актерка за улогата на Мира во претставата „Хај-Фај“, а со претставата „Бегај, еве ја жена ти 2 (Па, не баш!)“ театарот гостуваше на Театарскиот фестивал на комедија во Габрово, Бугарија, во театарот „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ во Велес и на фестивалот „Гола Месечина“ во Скопје.

- За втората половина од 2017 година планираме да подготвиме комедија со која ќе учествуваме на „Денови на комедијата“ во октомври, како и детска претстава, со што очекуваме да ја надминеме бројката од околу 17.500 гледачи која ја постигнавме минатата година и која од година во година се повеќе расте, изјави Тоскиќ.

Во втората половина од годинава во Кумановскиот театар ќе бидат прикажани премиери и на албански јазик финансирани од Министерството за култура.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk