Околу 40 поети на седмите „Струшки книжевни средби“

Во рамки на програмата ќе биде претставен српскиот поет и сатиричар Александар Чотриќ, а ќе бидат промовирани повеќе книги и списанија ...

Четириесетина поети од земјава и странство ќе учествуваат на меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби – 2017“ што по седми пат од денеска до 8 јули ќе се одржи во Струга, Охрид и Вевчани во организација на културниот центар „Бран“ и меѓународната ревија за книженост „Бранувања“.

На манифестацијта ќе учествуваат писатели од Македонија, Албанија, Србија, Германија, Бугарија, БиХ, Хрватска, Црна Гора, Русија…, меѓу кои и добитниците на наградите „Книжевна далга“ – академик Ристо Василевски (Србија), „Струшко слово“ – Мујо Бучпапај (Албанија), Жарко Милениќ (БиХ) и Панде Манојлов (Македонија). Најавено е учество и на годинашните добитници на наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“, Стефан Маркоски и Зоран Јакимоски.

Уредникот на „Бранувања“, Петко Шипинаровски информира дека на Вевчанските извори ќе биде одржан „Поетски хепенинг“, каде ќе биде претставена современата поезија на Србија со поетите Александар Чотриќ, Славица Пензаловиќ – Мастикоса, Ружа Мијовиќ Сориќ, Биљана Миловановиќ Живак, Новица Сврљиќ и Ристо Василевски. На поетскиот хепенинг „Езерски импулси“, според него, ќе биде доделена и наградата „Книжевни бранови“ за најдобра прочитана песна.

Во спомен на поетесата Светлана Христова-Јоциќ ќе се одржи бдеење, а беседа ќе има за македонската поетеса Костадинка Коца Ѓорѓевска која живее и твори во Германија.

Во рамки на програмата ќе биде претставен српскиот поет и сатиричар Александар Чотриќ, а ќе бидат промовирани повеќе книги и списанија.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk