Петнаесетто издание на фестивалот „Актерот на Европа“

Akterot_na_Evropa

По повод 15-годишнината на фестивалот, ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш и ректорот на Националниот универзитет за филм и театар од Букурешт Николае Мандеа ќе потпишат меморандум за соработка ...

Легендата на францускиот и европскиот театар Марсел Бозоне на 6 јули во 21 часот во амфитеатарот во Ресен ќе биде прогласен за „Актер на Европа“ на отворањето на 15-тото издание на истоимениот фестивал. Ќе биде прикажан документарен филм за лауреатот Бозоне во присуство на амбасадорот на Франција и претседателот на Светската асоцијација на театарски критичари Жорж Бани.

По повод 15-годишнината на фестивалот, ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш и ректорот на Националниот универзитет за филм и театар од Букурешт Николае Мандеа ќе потпишат меморандум за соработка.

Ќе бидат доделени и три големи повелби „Балканот – срцето на Европа“ на личности кои имале голем придонес во основањето и развојот на фестивалот. Од Македонија признанието ќе го добие поранешниот министер за култура и долгогодишен селектор на фестивалот Благоја Стефановски, а покрај него и публицистот од Косово Ќани Мехмеди и актерката од Грција Криса Јоаниду.

Како што е најавено, поздравна реч до гостите и учесниците ќе упати градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски, кој ќе ги додели наградите „Клучевите на Преспа 2017“ на Франсоаз Фитилис-Лабрус, француска режисерка со грчко потекло, и на поетот и академик Ристо Василевски.

Натпреварувачкиот дел ќе биде отворен со претставата „Идиот“ според делото на Достоевски, во изведба на академскиот театар од Букурешт, а во следните денови на фестивалот ќе гостуваат и театри од Бугарија, Косово, Србија, Франција, Грција, Хрватска. Жирито со кое претседава Мето Јовановски, на завршната вечер ќе ги прогласи победниците.

Меѓу добитниците на признанието „Актер на Европа“ во минатогодишните фестивалски изданија беа Љуба Тадиќ, Брус Мејерс, Раде Шербеџија, Ана Патерсон, Милена Зупанчич, Јон Карамитру, Зијах Соколовиќ, Костас Гакидес, Ирина Евдокомова, Димитри Орготска…

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk