Триесетина поети од странство ќе гостуваат на 56. „Струшки вечери на поезијата“

Struski_veceri_na_poezijata

Покрај учесниците од странство, во програмата ќе учествуваат и македонските поети во разни својства. Како учесници поети ќе бидат поканети и сите досегашни добитници на наградата „Браќа Миладиновци“. Годинава се одбележуваат 55 години од востановувањето на оваа награда во 1963 година ...

При крај се подготовките за 56. издание на „Струшките вечери на поезијата“, кое годинава ќе се одржи од 23 до 28 август во Струга, а поетски читања ќе има и во Охрид, Ресен, Битола и во Скопје. Ова на денешната прес-конференција го истакнаа директорот на фестивалот Мите Стефоски и претседателот на Управниот одбор Славе Ѓорѓо Димоски.

– Оваа година фестивалот го задржува концептот да покани оптимален број гости, согласно програмата. Тоа значи околу 30 гости од странство кои се во официјалната програма на фестивалот, а меѓу нив се и петте учесници во програмата „Версополис“, која е една од литературните платформи поддржани од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ, рече Стефоски.

Тој потсети дека годинава американски поет Чарлс Симиќ е добитник на наградата „Златен венец“, а хрватскиот млад поет Горан Чулахоџиќ е добитник на наградата „Мостови на Струга“ која се доделува заедно со УНЕСКО.

Покрај учесниците од странство, во програмата ќе учествуваат и македонските поети во разни својства. Како учесници поети ќе бидат поканети и сите досегашни добитници на наградата „Браќа Миладиновци“. Годинава се одбележуваат 55 години од востановувањето на оваа награда во 1963 година. Од македонските учесници ќе бидат и петте автори на книгите кои ќе се најдат во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“.

Стефоски нагласи дека соодветно ќе биде застапена и младата македонска поезија, а меѓу гостите од странство се кинескиот поет Дуо Дуо, францускиот поет Гиго Фет, современата канадска поетеса Ен Мајклс, полскиот поет Ришард Криницки…

– Верувам дека програмата ќе понуди атрактивни имиња кои се дел од светската современа поезија и нови таленти, имиња кои надоаѓаат и кои ќе бидат забележителни, посочи Стефоски.

Според него, на овој начин фестивалот ќе ја добие потребната живост и атрактивност и за публиката која ќе ги следи настаните во сите градови. Најави дека годинава ќе се обидат да настанат голем број видео материјали, а дел од настаните да бидат пренесувани директно на интернет преку лајф стриминг и на други начини.

Стефоски објасни дека при изборот на тоа кој да биде учесник на СВП, внимаваат да има поети од сите континенти и тие да претставуваат значајни книжевни фигури во светската поезија. Годинава на СВП ќе биде и поетесата Марија Клара Шарупи Јуа од Еквадор која пишува на шуа.

За издавачката дејност, Стефоски информира дека покрај обемното и луксузно издание на добитникот на наградата „Златен венец“ кое веќе е во печат, како и дел од другите книги, сите ќе бидат претставени на посебна прес-конференција. Годинава подготвена е и Антологија на современата кубанска поезија, а во едицијата „Плејади“ ќе се објават седум книги.

Димоски информира дека на конкурсот за најзначајната поетска награда кај нас „Браќа Миладиновци“, кој бил отворен до 20 јуни пристигнале 38 поетски книги. Жирито, кое го сочинуваат пет члена, на крајот на јули ќе соопшти кои автори се во потесниот круг. Паричниот фонд на нагрдата е зголемен и од оваа година ќе изнесува 150.000 денари.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk