Јубилејно издание на „Види музика , слушни слика , добиј книга“

nova_fotka_1

На јубилејниот, десетти спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга!“, Македонска филхармонија пред многубројната публика изведе дел од хитовите на една од највлијателните музички групи на сите времиња „Пинк Флојд“ ...

Традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга!“ во организација на Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар се одржа синоќа во Градскиот парк во Скопје.

На јубилејниот, десетти спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга!“, Македонска филхармонија пред многубројната публика изведе дел од хитовите на една од највлијателните музички групи на сите времиња „Пинк Флојд“.

Македонската филхармонија и годинава музицираше под диригентство на маестро Емин Џијан, како солист (вокал и гитара) настапи Ади Имери, а бендот беше составен од: Александар Поп Христов, гитара, Иван Бејков, електричен бас, Александар Пујовски, гитара, Мартин Вучиќ, тапани, Благоја Перуновски, клавијатури, Маријана Николовска, пијано и Владимир Поп Христов, Сара Николовска и Ана Костадиновска, беа придружни вокали.

Публиката, додека траеше концертот, уживаше во творењето на огромните платна, овојпат на уметниците Јулијана Гешовска и Илија Спасовски-Чендо.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk