На ликовната колонија „Дрен“ творат уметници од Македонија, Русија и Бугарија

Likovna_kolonija_1

Колонијата „Дрен“, годинава се одржува рамките на Прилепското културно лето, кое со поддршка на Министерствто за култура го организира Центарот за култура „Марко Цепенков“ ...

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп во тек е десеттото, јубилејно издание на реномираната ликовна колонија „Дрен“ на која творат десетина уметници од Македонија, Бугарија и Русија. Започнувајќи од минатата година, колонијата има мултимедијален карактер и се одржува во ликовното ателје и во дворот на Центарот, каде домашните автори: Андријана Мациев, Новица Трајковски, Петра Јовановска, Верче Николоска, Александар Џинго, како и гостите од Русија и Бугарија: Елена Ривка  Беларeва, Виктор Пушкин, Маријана Везарова и Пламен Бонев, создаваат дела инспирирани од опкружувањето и луѓето од нашето поднебје.

Likovna_kolonija_2

Учесниците на колонијата се  согласни дека ликовните колонии се одлична можност за дружење, но и убава можност за размена на искуства меѓу уметниците и за создавање на креативни дела во повеќе уметности, кои на 26 јуни, на затворањето на колонијата ќе бидат изложени пред публиката.

Колонијата „Дрен“, годинава се одржува рамките на Прилепското културно лето, кое со поддршка на Министерствто за култура го организира Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Likovna_kolonija_4-001

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk