„Трудна приказна“ најдобра претстава на „Војдан Чернодрински“

Trudna_prikazna

Фестивалот завршува вечер со доделувањето на наградите и со изведбата на мјузиклот „Тајно моја“ на Македонската опера и балет во чест на наградените ...

Претставата „Трудна приказна“ во изведба на Театар Комедија од Скопје е најдобрата претстава во целина на годинашниов 52. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Наградата за најдобра режија ја понесе Љупчо Ѓорѓиевски за режијата на претставата „Лазаревото писмо“ на Штипскиот театар, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на фестивалското жири Митко Маџунков во име и на членовите на жирито Братислав Димитров и Слободан Деспотовски.

Жирито додели награда и за најдобра колективна игра и тоа на ансамблот на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп за изведбата на претставата „Љубовни пози на историјата“. Наградата за главна машка улога ја доби актерот Јовица Михајловски за улогата на Шаилок во претставата „Венецијанскиот трговец“ на Драмски театар од Скопје, а актерката Јелена Жугиќ ја понесе наградата за најдобра главна женска улога за улогата на д-р Ката во претставата „Трудна приказна“ на театар Комедија од Скопје.

Фестивалот завршува вечер со доделувањето на наградите и со изведбата на мјузиклот „Тајно моја“ на Македонската опера и балет во чест на наградените.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk