Македонска вечер во Музичкиот центар „Борис Христов” во Софија

SOFIJA_1

Македонската вечер се остварува во соработка на КИЦ на Република Македонија во Софија и Музичкиот центар „Борис Христов” во Софија, кои во изминатите три години имаат заеднички реализирани десетина музички настани. Проектот е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија ...

Во Музичкиот центар „Борис Христов” во Софија вечер ќе биде претставен мултимедијалниот проект „Македонска вечер” на кој ќе биде претставена музичка, ликовна и поетска програма.

Во музичкиот дел рецитал ќе има баритонот Ристе Велков, првенец во Македонската опера и балет. Во пијано придружба на Иван Еминовиќ, Велков ќе изведе неколку композиции од македонските автори Прокопиев, Фирфов и Скаловски, како и неколку традиционални македонски песни.

Во вториот дел од музичката програма ќе бидат изведени популарни неаполитански песни. Во литературниот дел од програмата авторот Томе Велков ќе интерпретира стихови од стихозбирката „Чудно време”, а во ликовниот дел од програмата со 14 дела од циклусот „Порти“ ќе се претстави ликовниот уметник Марјан Ѕин.

Македонската вечер се остварува во соработка на КИЦ на Република Македонија во Софија и Музичкиот центар „Борис Христов” во Софија, кои во изминатите три години имаат заеднички реализирани десетина музички настани. Проектот е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk