Во Турција уште две награди за пијанистот Арда Мустафаоглу

Arda_1

Четиринаесетгодишниот Арда Мустафаоглу е еден од најталентираните македонски млади пијанисти, кој со своите успеси е вистински промотор на македонската култура во Европа и во светот ...

По освоените први награди во Србија, Италија и во Бугарија, нашиот пијанист Арда Мустафаоглу на 28 мај ја освои и големата награда (Grand Prix) на интернационалниот натпревар за млади музички таленти „EMCY“ во Истанбул (Турција).
 
Меѓународното жири едногласно одлучи на Арда да му ја додели и наградата за „Најдобра изведба на турски композитор“ за изведбата на „Black Earth“ од турскиот композитор Фазил Сај.
Arda_2
 
Во втората етапа од натпреварот, пред турската публика во преполната сала на Поморскиот музеј во општината Бешикташ, покрај задолжителната програма, Арда ја изведе и Токатата од македонскиот композитор Властимир Николовски.
 
Четиринаесетгодишниот Арда Мустафаоглу е еден од најталентираните македонски млади пијанисти, кој со своите успеси е вистински промотор на македонската култура во Европа и во светот.
kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk