Пет награди во пет категории за АКУД „Мирче Ацев” на фестивалот „Хармонија” во Германија

Tekst_1

Академскиот хор се натпреваруваше во три категории: мешани камерни хорови со обврзна композиција, фолклорни песни и фолклорни хорови (со придружба од Народниот оркестар); Ансамблот за народни ора и песни во својата категорија на игроорни ансамбли и Народниот оркестар во својата категорија на оркестри ...

АКУД „Мирче Ацев” се врати од Германија со пет освоени награди од пет пријавени категории. Имено, Академскиот хор, Ансамблот за народни ора и песни и Народниот оркестар при АКУД „Мирче Ацев”, со поддршка од Министерството за култура, беа учесници на меѓународниот фестивал „Хармонија”,  кој се одржува на секои шест години во гратчето Линденхолцхаузен – Лимбург.

Академскиот хор се натпреваруваше во три категории: мешани камерни хорови со обврзна композиција, фолклорни песни и фолклорни хорови (со придружба од Народниот оркестар ); Ансамблот за народни ора и песни во својата категорија на игроорни ансамбли и Народниот оркестар во својата категорија на оркестри.

Меѓународната жири-комисија, составена од музички експерти од: Аргентина, Германија - два члена, Бугарија, Шведска и Англија, ги оценуваше пријавените хорови кои се натпреваруваа во 13 категории. Академскиот хор во силната конкуренција освои бронзена награда во категоријата „камерни мешани хорови“, сребрена награда во категоријата „фолклорни песни“ и прво место-златна награда во категоријата „фолклорни хорови“.

Tekst_2

Ансамблот за народни ора и песни ја освои сребрената награда, а исто така и Народниот оркестар ја освои сребрената награда.

Овие награди се мошне значајни поради фактот што на фестивалот „Хармонија”  оваа година учествуваа 218 хорови и фолклорни ансамбли од целиот свет, со околу 3000 учесници.

Фестивалот се одржа под покровителство на канцеларката на Германија, д-р Ангела Меркел.

По завршувањето на официјалниот дел на фестивалот, ансамблите на АКУД „Мирче Ацев” изведоа заеднички концерт со домаќините каде што беа сместени членовите во малите гратчиња Швабенхеим и Ворштад.

Диригентот и членовите на хоровите домаќини рекоа дека имале сензационален концерт со сите ансамбли на „Мирче Ацев” и дека се горди што ги имале како гости на концертот во Ворштад.

Tekst_3

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk