Успешно гостување на Театарот од Битола во Торонто

Bitolski_teatar_1-001

Од самиот почеток на претставата публиката реагираше одлично и во текот на двочасовната изведба уживаше, препознавајќи ги сите комични елементи од претставата ...

Со бурни аплаузи, публиката во Торонто, Канада, синоќа ги поздрави актерите од Битолскиот театар кои по 75-ти пат ја изведоа претставата „Без паника“. Како и претходните две претставувања на овој театар во Торонто, така и овојпат, гостувањето предизвика голем интерес кај македонските иселеници кои живеат во Торонто и бура од емоции при контактот со својот мајчин јазик на сцената на театарот. Тие се покажаа како одлични домаќини и поддржувачи на ова гостување обидувајќи се во краткото време од оваа посета да се дружат и да покажат што повеќе од градот во којшто живеат.

Bitolski_teatar_2

-Од самиот почеток на претставата публиката реагираше одлично и во текот на двочасовната изведба уживаше, препознавајќи ги сите комични елементи од претставата. На крај, со желба за повторна средба од овој тип срдечно им честитаа на актерите, поразговараа и се фотографираа со нив. Екипата на битолскиот Театар како потврден амбасадор на македонската култура и јазик и овојпат професионално ги изврши своите обврски со што уште еднаш успеа за момент да ги доближи многубројните Македонци кои живеат тука до својата родна земја - информираа од битолскиот Театар.

Bitolski_teatar_3-001

На крајот од изведбата на претставата, организаторот Гоце Бурзевски, од Македонскиот театарски корнер, се заблагодари на публиката и на поддржувачите и апелираше за уште поголеми контакти и меѓусебна информираност во иднина. Уметничкиот директор на Театарот од Битола, пак, Благој Мицевски исто така се заблагодари за посетеноста и гостопримството, но и на Министерството за култура на Република Македонија, како и на актерите Александар Копања, Никола Пројчевски и Маријан Ѓорѓиевски, битолскиот Театар и на директорот Валентин Светозарев кои ја овозможија оваа продукција и ова гостување.

Покрај интензивната работа со која продолжува Театарот дома, следно планирано гостување е наесен на фестивалот МИТ во Цетиње, Црна Гора, со две претстави.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk