Државниот секретар Бехиџудин Шехаби се обрати на трибината „Националните симболи и политичкиот идентитет во Република Македонија“

Konferencija_drzaven_3

Обврска на секое општество и држава е да се грижи за националниот идентитет на сите граѓани кои го сочинуваат тоа општество. Националниот идентитет на секој поединец треба да биде во центарот на вниманието на институциите чија обврска е да се грижат за зачувување и негување на таа компонента на човековото битие ...

Во организација на Центарот за креативен меѓународен дијалог, а во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка и Амбасадата на Швајцарија преку организацијата „Civica Mobilitas“, денеска беше одржана трибина на тема: „Националните симболи и политичкиот идентитет во Република Македонија“.На трибината свој говор одржа државниот секретар во Министерството за култура на Република Македонија Бехиџудин Шехаби кој пред присутните говореше на тема: „Националниот идентитет и неговото значење во Република Македонија“.

Станува збор за мошне значајна тема која е актуелна како кај нас така и во светски рамки.

- Кога се зборува за националниот идентитет на секој човек, значи дека зборуваме за нешто што се развива во текот на животните процеси, т.е. го означува концептот што го има една личност за себе.

Drzaven_konferencija_4

Обврска на секое општество и држава е да се грижи за националниот идентитет на сите граѓани кои го сочинуваат тоа општество. Националниот идентитет на секој поединец треба да биде во центарот на вниманието на институциите чија обврска е да се грижат за зачувување и негување на таа компонента на човековото битие - подвлече државниот секретар во неговото обраќање на трибината.

Во светот речиси и не постои држава која е еднонационална, меѓутоа генералната практика покажува дека не секогаш општествата се грижат за почитување на националниот идентитет на етничките заедници.

- Националниот идентитет е дел од човековите права. А сите знаеме дека човековите права не се купуваат, заработуваат или наследуваат, тие се неотуѓиви, затоа што никој нема право да му ги одземе на кој било човек и од каква било причина. Како резултат на непочитување на овие права во светски рамки и од искуството од Втората светска војна, произлезе Универзалната декларација за човекови права, акт усвоен од Генералното собрание на ОН на 10 декември 1948 година, во Париз, чиј потписник е и Република Македонија.

И Република Македонија е држава која ја сочинуваат групи-припадници од различни национални идентитети, која како потписник на оваа значајна Декларација дава максимални напори и во иднина со сигурност ќе продолжи со истиот интензитет на заложби со цел да им овозможи на сите свои граѓани уживање, негување и унапредување на националниот идентитет и права - посочи државниот секретар Шехаби.

Drzaven_konferencija_1

Тој пред присутните на дебатата нагласи и дека најважно во едно општество е постоењето на социјална хармонија која не се постигнува само со одржување конвенции и со отпишување меѓународни декларации туку со личен придонес кон негување на националниот идентитет на сите граѓани на Република Македонија.

Исто така, тој истакна уште еден важен сегмент во општественото живеење, а тоа е значењето на универзалната култура на еден народ и една нација и додаде дека националниот идентитет и симболите се мошне значајни од историски и цивилизациски аспект во една држава, бидејќи тие го дефинираат идентитетот и постоењето на еден народ и на една цивилизација, претставуваат своевиден континуитет низ историјата и ја едуцираат младата популација за нејзините корени за историските традиции и за минатото кое е сигурен патоказ кон иднината.

На трибината покрај државниот секретар во Министерствотото за култура на Р Македонија, Бехиџудин Шехаб, свои обраќања имаа и проф. д-р Јасминка Ристевска–Пиличкова од Институтот „Марко Цепенков“ на тема „Визуелните симболи и нивната употреба при градење на нашиот идентитет, доц. д-р Велика Стојкова–Серафимовска од Институтот за фолклор на тема „Употреба на народната музика во поетичните движења на граѓанските иницијативи“, па проф. д-р Марија Топузовска– Латковиќ од Институтот за социологија и правни истражувања која говореше за социолошките аспекти на резултатите од спроведената анкета на тема „Националните симболи, културната меморија и политичките идеологии во република Македонија“. На крајот трибината беше заокружена со обраќањето на Даниела Николова од Музејот на Македонија која говореше на тема „Балканот и националниот идентитет“. 

Drzaven_konferencija_2

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk