Театар Комедија освои две награди на два фестивала во Босна и Херцеговина

Komedija_1

Со овие награди, посочуваат, се потврдува квалитетот на Театар Комедија со што тој се поставува на регионалното театарско небо како важен сегмент од театарското живеење во жанрот комедија ...

Театар Комедија учествуваше на два интернационални фестивали во Босна и Херцеговина со две претстави од својот репертоар - „Име“ од Александар Дела Пателиер и Метју Делапорт во режија на Нени Делместре и „Трудна приказна“ од Благица Секулоска во режија на Лидија Дедовиќ.

На регионалниот фестивал на комедијата во Сараево „Насмевка на Сараево“, кој беше за првпат организиран од 12 до 20 мај, Театар Комедија освои две награди - награда за најдобра претстава за претставата „Име“ и награда за најдобра машка улога за Атанас Атанасовски во претставата „Име“.

Komedija_2

Од Театар Комедија соопштија дека фестивалот имал силна конкуренција со најголемите театри на Балканот, како: Театарот Керемпух од Загреб, Ателје 212 од Белград, Црногорскиот национален театар, Хрватскиот национален театар од Осиек, Народниот театар од Мостар итн.

Со овие награди, посочуваат, се потврдува квалитетот на Театар Комедија со што тој се поставува на регионалното театарско небо како важен сегмент од театарското живеење во жанрот комедија.

Освен на фестивалот во Сараево, Театар Комедија се претстави и на интернационалниот фестивал „Петар Кочиќ“ во Бања Лука, кој се одржува по 20-ти пат, со претставата „Трудна приказна“ и наиде на одлични реакции од публиката. Овој фестивал почна на 17 мај и трае до 24 мај и е од натпреварувачки карактер.

Komedija_3


kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk