Во Тетово отворена изложбата „Народите од долината на реката Омо”

_640_-2

На овој културен настан присуствуваше и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, кој исто така се обрати пред присутните, акцентирајќи ја уникатноста на оваа изложба и истовремено нагласувајќи ја улогата на Тетово во развојот на дијалогот меѓу заедниците во Македонија ...

Во Галеријата на ликовните уметности во Тетово вчера беше отворена изложбата на уметнички фотографии со наслов „Народите од долината на реката Омо“ од авторот Доминик Готје, кој е дипломат во Амбасадата на Република Франција во Република Македонија. Настанот беше во организација на „Alliаnce France“ и Галеријата на ликовни уметности во Тетово.

_640_-1

Изложбата, која содржи фотографии од егзотичната Африка, ја отвори државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехаби, кој во своето обраќање пред присутните ја нагласи добрата соработка со „Alliаnce France“ и со партнерите од Франција во сферата на културните активности кај нас, особено во мултикултурното Тетово каде што постои примерен дијалог меѓу заедниците што живеат во овој град.

На овој културен настан присуствуваше и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, кој исто така се обрати пред присутните, акцентирајќи ја уникатноста на оваа изложба и истовремено нагласувајќи ја улогата на Тетово во развојот на дијалогот меѓу заедниците во Македонија.

_640_-3

obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk