Промоција на македонска современа музика на сцените во Мароко

Maroko_1

Годинешното издание вклучи 220 учесници, како и културни и образовни делегации од десет земји: Шведска, Гвинеја-Бисао, Италија, Холандија, Шпанија, Панама, Бугарија, Ирска, Македонија и Мароко,која е земја домаќин ...

Класичниот дует Грациозо, д-р Невенка Дуковска (пијано) и м-р Кристина Палија (сопран), по вторпат настапи на сцените низ Мароко, но овојпат во „културна мисија“ за презентација на македонското современо музичко творештво.  
Пред многубројната публика низ градовите Лараче, Ксар Ел Кебир и Тангер–Тетуан, дуетот се претстави со три самостојни концерти на кои изведе композиции од македонската современа културна ризница, како Зографски, Скаловски, Голабовски, Прокопиев, Иванов и др.

Maroko_3 

Настапите беа во рамките на Фестивалот „ENTRERRITMOS“ кој се одржа по четврти пат, од 26 април до 3 мај 2017 година, во северниот дел на Мароко. Фестивалот е наречен Меѓународен фестивал на културната разноликост и има цел да ја претстави културата за мир и соживот меѓу различните народи, користејќи ги своите механизми, како уметноста и музиката кои доаѓаат од културниот идентитет на нациите и манифестација на алохтони (недомородни) наследства на различните цивилизации.

Годинешното издание вклучи 220 учесници, како и културни и образовни делегации од десет земји: Шведска, Гвинеја-Бисао, Италија, Холандија, Шпанија, Панама, Бугарија, Ирска, Македонија и Мароко, која е земја домаќин. Присуствуваа амбасадори и дипломати од речиси сите горенаведени земји учеснички. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Maroko_5

obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk