Во продажба билетите за првиот концерт на Филхармонијата во новата сала

FILHARMONIJA_640_

На првиот концерт на Филхармонијата во нејзиниот нов дом ќе бидат изведени дела од Трајко Прокопиев, Сергеј Прокофјев и Петар Илич Чајковски ...

Македонската филхармонија соопшти дека од денеска ќе бидат пуштени во продажба билетите за свеченото отворање на нејзината нова концертна сала на 21 мај. Билетите ќе бидат по цена од 2 500 и 3 000 денари и може да се набават на билетарницата во Домот на АРМ, секој ден од 10 до 16 часот.

– Концертот со кој ќе се одбележи отворањето на новиот музички храм на Македонската филхармонија ќе се одржи на 21 мај (недела) со почеток во 19 часот. Македонската филхармонија за овој мошне значаен, историски миг за нашата култура, приредува ексклузивен, уникатен концерт, на кој како солист ќе настапи македонскиот и светски пијанист Симон Трпчески, а зад диригентскиот пулт ќе застане еден од најдобрите диригенти на сите времиња, маестро Владимир Ашкенази - соопшти Филхармонијата.

На првиот концерт на Филхармонијата во нејзиниот нов дом ќе бидат изведени дела од Трајко Прокопиев, Сергеј Прокофјев и Петар Илич Чајковски.

obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk