Пет опери, три балетски претстави и два рецитала на 45. Мајски оперски вечери

Majski_operski_veceri_2

Традиционално, фестивалот ќе биде отворен на 9 мај - оваа година со премиера на „Травијата“ од Верди, нова постановка во режија на Верена Штојбер од Германија и со сопранистката Ана Дурловски во насловната улога. Претставата ќе биде репризирана на 11 мај ...  

Четириесет и петтите Мајски оперски вечери ќе понудат пет оперски и три балетски претстави, два солистички рецитали и две изведби на мјузиклот „Тајно моја“. Директорите на Операта и на Балетот, Сони Петровски и Олга Панго, денеска на прес-конференција ја соопштија програмата нагласувајќи дека е богата и разновидна. Покрај македонски изведувачи, ќе настапат и гости од повеќе земји. 

Традиционално, фестивалот ќе биде отворен на 9 мај - оваа година со премиера на „Травијата“ од Верди, нова постановка во режија на Верена Штојбер од Германија и со сопранистката Ана Дурловски во насловната улога. Претставата ќе биде репризирана на 11 мај. 

На 13 мај на програмата е операта „Севилскиот бербер“ на Росини во изведба на Српско народно позориште од Нови Сад, а следниот ден ќе гостува Опера Нова од Киев со операта „Јов“. На 28 мај е „Мадам Батерфлај“ од Пучини во изведба на Националниот театар на операта и балетот од Тирана и на 31 мај Мајските оперски вечери традиционално ќе завршат со Вердиевата „Аида“, а оваа година во главните улоги ќе бидат солисти од Турската државна опера од Истанбул.

Majski_operski_veceri_1 

Балетските изведби ќе почнат на 10 мај со претставата „На пат“ на Хрватско народно казалиште од Сплит, по музика на Јохан Себастијан Бах на македонскиот кореограф Игор Киров. На 20 мај е балетот „Лебедово езеро“ на музика од Чајковски, на кој со солистите и балетскиот ансамбл на МОБ ќе настапи Оркестарот на Државната опера од Пловдив, а на 26 мај ќе биде изведен балетот „Клеопатра“. 

По шесте прикажувања на „Тајно моја“ во март и во април, мјузиклот посветен на Тоше ќе има две изведби и во рамките на Мајските оперски вечери - на 16 и на 17 мај. На фестивалот ќе бидат одржани и два солистички рецитала со првенци на МОБ - на 18 мај е сопранот Весна Ѓиновска-Илкова во придружба на пијанистката Кристина Светиева, и на 23 мај - басот Игор Дурловски придружен од пијанистот Дино Имери. За најмладите ќе биде изведена претставата „Пролетна приказна“ на музика од Стојан Стојков и настап на детскиот хор „Фалсето“. 

Свеченото отворање на фестивалот на 9 мај ќе биде со ново читање на  „Травијата“, најпопуларната и најизведувана опера во МОБ. Овојпат е во режија на Верена Штојбер од Германија, а сценограф и костимограф на Софија Шнајдер. Диригент е Џанлука Мартиненги од Италија. 

Режисерката Штојбер на прес-конференцијата рече дека идејата и била на сцената да прикаже „нормални“ луѓе, не кралеви  и бајковни ликови, и да ги пренесе нивните емоции и вистинската приказна. 

Според неа, Ведри е еден од најголемите раскажувачи на сите времиња кој со „Травијата“ ги крши табуата и дозволува главниот карактер во операта да биде жена со низок морал, љубовница.

- Јас не го оправдувам лицемерието на патријархалното општество во кое не е проблем мажите да имаат жени и девојки на страна, но е проблем кога некој, а во случајот на „Травијата“ тоа е Алфредо, ги прекршува правилата и се вљубува во една од љубовниците, и дури и полошо – решава да живее со неа, смета Штојбер, која приказната ја осовременува затоа што, како што рече, таа соодветствува и денес, на пример во политиката, каде некои мажи имаат семејства, но и ескорт дами.

Majski_operski_veceri_3

Сценографката и костимографка Шнајдер додаде дека направила сцена која би била актуелна и денес иако операта е од средината на 19 век. - Сцената се врти и се прикажуваат разни простори кои отсликуваат различни аспекти на општеството -рече Шнајдер.

Сопранот Ана Дурловски истакна дека со новата „Травијата“ публиката во Скопје ќе може да види повисока оперска класа и театар каков што се прави во Германија, каде што ликовите и нивните релации се подлабоки. Таа соработувала со режисерката Штојбер во ист ансамбл во Германија, меѓу другите и за операта „Травијата“.

- Посебно ме радува што во лет го фативме тимот на Штојбер која е добитник на „Ring Award“ - една од најголемите награди за режија во светот. Ме радува и тоа што во кастингот се македонски солисти - рече Дурловски, која ќе го игра ликот на Виолета Валери. 

Покрај неа ќе настапат и: Дарко Нешовски (Алфред Жермон), Борис Трајанов и Марјан Јованоски (Жорж Жермон), Николина Јаневска (Флора), Александра Лазаровска-Василевски (Анина), Владимир Саздовски (Барон Дуфол), Драган Ампов (Маркиз Д’Обињи), Дамјан Попоски (Гастон), Борко Биџовски (Гренвил), Игор Гиновски (Џузепе), Ернес Ибраимовски (Комесарио), како и оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на МОБ.

Влезниците за премиерата на „Травијата“ се по цени од 800, 1 000 и 1 200 денари, а за другите претстави на фестивалот тие се движат од 400, 500 и 600 денари. Може да се купат и пакет-влезници за сите претстави кои чинат 3 000 денари, односно 4 500 за ВИП-седишта. 

Директорката на Балетот Олга Панго на прес-конференцијата се извини за вчерашното откажување на претставата „Дон Кихот“ поради, како што рече, немилите настани во Собранието.

Majski_operski_veceri_4

obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk