Успешна изведба на театарската кореодрама „Дениција“ во Брисел

483020-dramskiot-proekt-denicija-premierno-vo-brisel

Со изведбата на оваа копродукциска претстава работена заеднички од Народниот театар од Охрид и парискиот театар „Иси е ла“, беше затворен фестивалот „Балкан трафик“, а оцените за претставата се дека нејзината поетска, музичка и кореографска сила ги освоила срцата на белгиската публика ...

Во кабарето „Ос а Моел“ во Брисел беше изведена европската премиера на театарската кореодрама „Дениција“, драмската презентација на историската поема на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски.

Со изведбата на оваа копродукциска претстава работена заеднички од Народниот театар од Охрид и парискиот театар „Иси е ла“ беше затворен фестивалот „Балкан трафик“, а оцените за претставата се дека нејзината поетска, музичка и кореографска сила ги освоила срцата на белгиската публика.

denicija_brisel

Рубенс Муратовски, Димитрина Мицкоска и Саша Ефтимова беа наградени со долготрајни аплаузи, а заслуга за успешното презентирање, секако, имаат и сценографот Валентин Светозарев, костимографот Марија Пупучевска, како и техничката поддршка на претставата со серијата слики на Сергеј Андреевски и видеопроекциите на Милчо Узунов.

Потврда за успешниот настап во Брисел на македонската уметничка екипа е предлогот на директорот на театарот „Ос а Моел“ Самуел Бернард до директорот на охридскиот театар Горан Стојановски за потпишување меморандум за соработка меѓу Брисел – престолнината на ЕУ и Охрид - градот на УНЕСКО.

denicija-dramskiproekt

obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk