Филмот „Ах, љубов моја“ премиерно на Скопскиот филмски фестивал

Ah_lubov_moja_4-001

Проектот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија во 2015 година со 14,3 милиони денари, а е завршен само за две години. Вкупниот буџет на филмот е околу 20 милиони денари ...

Филмот „Ах, љубов моја“, во режија и по сценарио на Коле Ангеловски, премиерно ќе биде прикажан утревечер во рамките на Скопскиот филмски фестивал, со почеток во 20.30 часот во киното „Милениум“.

Проектот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија во 2015 година со 14,3 милиони денари, а е завршен само за две години. Вкупниот буџет на филмот е околу 20 милиони денари.

Директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска-Илиевска на денешната прес-конференција истакна дека Коле Ангеловски одбележува 55 години на филмското платно. Во 1962 година тој првпат се појави како дебитант во играното остварување „Саша“.

Ѓоргоска-Илиевска нагласи дека „Ах, љубов моја“ е љубовна комедија и додаде оти жанрот комедија е ретко присутна во македонската кинематографија. Изрази надеж дека и ова филмско остварување ќе предизвика голем интерес кај публиката и ќе покаже разноликост во македонската кинематографија.

Ah_lubov_moja_1-001

Таа се осврна на претходните филмски остварувања на Коле Ангеловски како режисер и како добитник на значајни меѓународни награди. Потсети на неговиот првенец „Татко“ или „Колнати сме Ирина“ (1973 година) и на втората македонска комедија „Викенд на мртовци“.

Режисерот и сценарист Ангеловски потенцира дека направил сценарио или приказна за љубовта, но гледано од хумористичен аспект.

– Направивме филм кој е за публика. Публиката ќе сака да го гледа, ќе ужива и ќе биде среќна и задоволна по проекцијата. Во филмот главно играат млади актери, повеќето дебитанти и мислам дека одлично се снаоѓаат пред филмсаката камера - рече Ангеловски и информира дека снимале на повеќе локации низ Македонија, во Скопје и во Маврово.

Филмот е снимен во продукција на Авард филм и видео и копродуцентите – Квазар филм и КТ филм и Медиа. Продуценти се Горан Стојилковиќ, Димитар Николов и Владимир Стојчевски, а сценограф Илина Ангеловска. Костимографи се Лира Грабул и Раде Василев, а музиката е на Венко Серафимов.

Ah_lubov_moja_3-001

Актерската екипа ја сочинуваат: Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ, Соња Стамболџиева, Роберт Ристов, Жарко Димоски, Крсте Јовановски, Марија Кондовска, Ердоан Максут, Кристина Ласовска, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Едмонд Сотир и Андон Јовановски.

Актерката Марија Кондовска потенцира дека е бескрајно среќна што работи со Коле Ангеловски. Од 27 април филмот ќе биде на редовниот репертоар во кината „Синеплекс“ и „Милениум“ и низ кината во Македонија.

Годинава се очекуваат премиери на уште пет македонски филмови: „Годината на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски, „Жртва“ на Марија Џиџева, „Тајната состојка“ на Ѓорче Ставревски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ на Куштрим Бектеши и „Чекај ме/Сведок“ на Митко Панов. Пред неколку дена почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“ на Илија Пиперковски и продуцентската куќа „Дрим фактори“, а ќе почнаат со снимање филмовите „Здивот на ангелот“ на Јани Бојаџи, „Исчезнатиот“ на Арбен Тачи, „Ако утре го нема сонцето“ на Александар Русјаков, „Господ постои се вика Петрунија“ на Теона Митевска и „Цар Самуил“ на Антонио Митриќески.

Ah_lubov_moja_2-001

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia