Битолскиот театар со огромен успех гостуваше во Санкт Петербург

---_105_--_108

Ансамблот на Народниот театар-Битола синоќа во театарот „Вера Комисаржевскаја“ во Санкт Петербург, со огромен успех пред тамошната публика го изведе музичко-сценскиот перформанс „Шекспир засекогаш“ ...

Копродукцискиот перформанс, кој е  прво меѓународно гостување на оваа национална установа во 2017 година, беше  во изведба на актери од Битолскиот театар и од рускиот театар-домаќин „Вера Комисаржевскаја“. Перформансот беше изведен во форма на маратонска актерска манифестација посветена на Шекспир.

---_33_--_108

Освен во музичко-сценскиот дел, битолската група „Фолтин“ која настапува во перформансот, приреди и посебен концерт за руската публика. Во претставата  настапија актери од Македонија и Русија, но како почесен гостин настапи и народниот актер, некои го нарекуваат и актерска икона во Русија, Ивак Краско, кој иако има 89 години, се уште е активен. Заедно со актерите од Русија настапија и битолските актери Соња Михајлова, Катерина Аневска, Никола Пројчевски, Александар Димовски и други членови на ансамблот. Народниот театар-Битола оваа пролет, со поддршка на Министерството за култура, ќе настапи и во Канада.

---_95_--_108 

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk