Мјузиклот „Тајно моја“ повторно во МОБ на 19, 20 и на 21 април

Tajno_moja_1

Во претставите на 19 и на 21 април главните улоги ќе ги толкуваат Антонија Гиговска и Александар Тарабунов, а на 20 април Гиговска ќе настапи со Денис Димовски ...

Македонската опера и балет соопшти дека мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески повторно ќе биде на репертоарот поради голем интерес од публиката. Изведбите се закажани за 19, 20 и за 21 април.

Во претставите на 19 и на 21 април главните улоги ќе ги толкуваат Антонија Гиговска и Александар Тарабунов, а на 20 април Гиговска ќе настапи со Денис Димовски.

Во останатите улоги се: Сара Гигова, Весна Петрушевска, Игор Џамбазов, Десанка Глигоријевиќ, Тони Михајловски, Тања Бојковска, Мила Николовска, Ристе Гавровски, Симеон Коруноски, Лазе Манасковски, Симон Манасковски, Марија Спасовска, Андреа Георгиевска и Калеша Џангаловска. Настапуваат Оркестарот, Хорот и Балетскиот ансамбл на МОБ, а диригент е Иван Еминовиќ.

МОБ информира дека билетите за овие претстави се пуштени во продажба по цена од 600 денари на билетарницата на МОБ, во Југотон ГТЦ и во сите продавници на Нептун низ Македонија, како и електронски на  mob.com.mk и karti.com.mk.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk