Започнува најпопуларниот саем во годината – Саем на книгата 2017

Zamenik_2-001

Посетителите од 4 до 10 април од 10 до 20 часот ќе може да ги следат промоциите на најновите изданија и на нивните автори во Промотивниот центар во Хала 2, како и дружење и гостувања на авторите на самите штандови на издавачите ...

На 4 април се отвораат портите на најпопуларниот саем во Македонија, Саем на книгата. 29-от Меѓународен саем на книгата ќе се одржи во Метрополис арена (Хала 1) и Хала 2 каде што на 4 000 м2 изложбен простор и оваа година ќе биде обезбедена најголемата концентрација на домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.

„Меѓународниот саем на книгата, безмалку три децении претставува значајна проекција на најновите творечки остварувања и е место каде што се трага по смислата и предизвиците што ги нуди пишаниот збор. Оваа манифестација, која е најпосетуваниот настан од областа на литературата и издаваштвото во нашата земја, низ годините успеа да ја пренесе суштинската порака на литературата и убавината на книжевноста, која отсекогаш ја имала моќта да гради трајни пријателства меѓу луѓето“, истакна заменик-министерот за култура, Драган Недељковиќ, на свеченото отворање на Саемот на книгата.

Zamenik_-005

За време на отворањето се обрати и извршниот директор на Скопскиот саем, Даниела Глигоровска, која рече: „Во наредните саемски денови публиката од различни возрасти ќе може да проследи богата саемска програма и 60 промоции на нови дела и автори, дебати, трибини, доделувања на награди. За првпат оваа година, ќе биде претставена и литературата за деца и млади во адаптираното Детско катче каде што најмладите ќе може да се едуцираат и забавуваат со богати промоции на детски изданија, креативни работилници и други забавни активности“. Таа потенцираше дека оваа година се очекува саемот да привлече исклучително голем број посетители.

Zamenik_-006

Посетителите од 4 до 10 април од 10 до 20 часот ќе може да ги следат промоциите на најновите изданија и на нивните автори во Промотивниот центар во Хала 2, како и дружење и гостувања на авторите на самите штандови на издавачите.

Саемот за туризам „Скопје травел маркет“ и „Денови на образование и кариера“ ќе се одржуваат во периодот од 6 до 8 април, од 10 до 20 часот.

За сите саеми, цената на влезницата за посетители е 30 денари, а за организирани групни посети, 20 денари.

Zamenik_-007

obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk