Изложба на ликовното творештво на Димитар Кондовски

Kondovski_1

Во Македонскиот народен театар вечер со нова привремена изложба посветена на ликовното творештво на Димитар Кондовски, во продукција на Музејот на МНТ, ќе бидат одбележани 72 години од изведбата на првата претстава „Платон Кречет“ ...

„Добар повод за апострофирање на уште еден ден за паметење во историјата на МНТ, но истовремено и во културната историја на Македонија, е 90–годишнината од раѓањето на несомнено најголемиот и најпродуктивен портретист, сценограф, костимограф, илустратор, уметник и ликовен педагог – Димитар Кондовски. Една од темите кои го преокупираат е речиси хронолошкото портретирање на театарските уметници, со кои катадневно соработува. Така е создаден еден исклучително богат опус на „разговори-шепотења“ на уметникот со уметниците – скици и портрети на актери од сите генерации, со што Кондовски си го обезбедил местото на најголем хроничар на македонската театарска заедница“, велат од МНТ.

Авторките на изложбата Јасминка Намичева и Екатерина Намичева преку годинашнава изложба ќе се обидат да откријат дел од „затскриениот свет“ на Кондовски, изложувајки првпат пред публиката портрети во најразлични сликарски техники, цртежи, сценографски скици, костимски анализи и прибелешки, од кои, како што истакнуваат од МНТ, се родиле големите портрети на „македонската Мона Лиза“ - примадоната Ана Липша-Тофовиќ, авангардниот портрет на актерот Кирил Ќортошев, пенливиот лебед на примабалерината Натка Пенушлиска, алхемичарски магичниот портрет на учителот Никола Мартиновски, портретите на доајенот Трајко Чоревски…

Автор на фотографиите е Филип Кондовски, а стручен соработник е најголемиот познавач на делото на Кондовски, Емил Алексиев.

Во рамките на виртуелниот концепт кој го развива веќе неколку години Музејот на МНТ, и за оваа изложба ќе биде изготвена 360 виртуелна тура, која ќе биде достапна на веб-страницата на МНТ.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk