Отворени јубилејните Денови на македонска музика

slika_MOB

Со проектот „Апокалиптикум“ на Драган Даутовски вечерва во Македонската опера и балет, свечено беше отворено јубилејното 40 издание на манифестацијата  „Денови на македонска музика“ ...

На отворањето на манифестацијата која се одржува во јубилејна година и за СОКОМ - кој одбележува седум децении од своето постоење, присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Манифестацијата „ Денови на македонската музика“ е резултат  на големите заложби и посветеноста на македонските музички творци кои како дел од Сојузот на композитори на Македонија даваат огромен придонес во развојот на македонската музичка култура, претставувајќи ги најновите авторски остварувања на македонските композитори кои особено во последните години интензивно творат и го збогатуваат македонското музичко наследство.

DSC_0020-002

На „Деновите на македонска музика“, во периодот од 27 март до 13 април, на неколку сцени – како Музеј на град Скопје, Македонската опера и балет и Домот на АРМ, ќе се одржат 11 концертни претставувања во кои ќе  партиципираат повеќе од 150 изведувачи,  и на кои премиерно ќе прозвучат бројни дела од македонски и странски автори. Освен домашните солисти и диригенти, публиката ќе може да чуе изведби и на странски ансамбли и изведувачи, ќе се одржат и неколку работилници, мастер класови, предавања и семинари од областа на современото музичко творештво.

Dautovski_3-001

Dautovski_1-001

obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk