Ќе се реконструира Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани

Градежните работи ќе се реализираат во две фази. Во првата ќе се реконструираат дрвенаријата и фасадата на Центарот, а во втората фаза внатрешноста на Центарот, кој е изграден во далечната 1950 година ...

Со буџетски средства на Министерството за култура, ќе се реконструира зградата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.

Градежните работи ќе се реализираат во две фази. Во првата ќе се реконструираат дрвенаријата и фасадата на Центарот, а во втората фаза внатрешноста на Центарот, кој е изграден во далечната 1950 година.

- Според планирањата, се надевам дека до крајот на оваа година ќе го завршиме првиот дел, односно надворешниот, кој ќе опфати целосна реконструкција на фасадата, на покривот, столаријата и сите делови кои што припаѓаат во надворешниот дел од Центарот. За следната година се надевам дека ќе почнеме со реконструкција и на внатрешниот дел, така што кочанци за кратко време ќе добијат еден убав објект во центарот на градот, кој навистина ќе го носи епитетот Центар за култура - рече Кристина Атанасова-Арсова, директор на ЦК „Бели мугри“ - Кочани.

Во втората фаза е планирано целосна реконструкција на внатрешниот дел на Центарот, на сите канцеларии, сцената, промена на столчињата, осветлувањето, озвучувањето.

Минатата година се работеше на изработка на проектот кој го одобри Министерството за култура, а првата негова фаза чини околу 500 илјади евра.



kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk