Берово, град на културата за 2017 година

Прогласувањето на Берово за Град на културата за 2017 година ќе придонесе за унапредување на културата во овој регион, како и за негов развој и афирмација воопшто ...

Во врска со објавениот Конкурс на Министерството за култура за финансирање проект од национален интерес за манифестацијата „Град на културата во 2017 година“, ве известуваме дека по разгледувањето на пристигнатите пријави, одлучено е Општина Берово да биде престолнина на културата во 2017 година.

Во согласност со понудената апликација, Програмата на Општина Берово содржи конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности и се карактеризира со широка жанровска разновидност и стилски карактеристики. Во рамките на Програмата е предвидено учество на млади и реномирани уметници, гостувања од странство, продукции на погранични градови и установи со што ќе се обезбеди рамномерен културен развој, а ќе го поттикне и меѓународниот културен развој на оваа општина. Во реализацијата на активностите ќе учествуваат установи и здруженија на територијата на Општината, односно општинските и образовните установи, библиотеките и други субјекти.

Програмата е збогатена со сите постојни традиционални фестивали и манифестации кои ќе бидат реализирани под еден белег, Град на културата 2017 година. Предвидени се музички концерти од сите жанрови, литературни читања и промоции, ликовни изложби на реномирани уметници, програма со популарна и традиционална музика, театарски продукции со учество на реномирани и млади актери, како и национални и независни театарски групи. Во Програмата ќе учествуваат уметници од сите генерации и таа ќе содржи активности од сите структури.

Прогласувањето на Берово за Град на културата за 2017 година ќе придонесе за унапредување на културата во овој регион, како и за негов развој и афирмација воопшто. 

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk