Џорлев: Изминатата година успешна за „Танец“, годинава многу активности

corlev_640_-1

Изминатата 2016 година беше успешна и квалитетна за НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, како на домашен, така и на меѓународен план. Имавме 43 домашни настани со 20 000 посетители и 36 меѓународни настани со 39 000 посетители ...

Ова го истакна директорот на НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, Зоран Џорлев, денеска на прес-конференција на која информираше за сработеното во 2016 година и ја презентираше програмата за годинава.

Тој посочи дека во 2016 година ги промовирале новите аудиоизданија на „Танец“ - „Незаборав“ 3 и 4, снимиле две емисии, а одржале повеќе концерти низ Македонија под мотото „Оро се вие крај манастирот“, и тоа во: Велес, Валандово, Охрид, Битола и Кичево. Велигденски концерт, покрај оној традиционалниот во Скопје, одржале и во Струмица, Свети Николе, Штип и во Струга.

- Одржавме концерти во чест на Васка Илиева, Никола Бадев, Александар Сариевски и Кочо Петровски. Се одржа и петтата крводарителска акција „Уметниците даруваат живот“ кога се собраа 34 единици крв - рече Џорлев.

Тој информира дека првпат на покана од Институтот на исламската култура на Обединетите Арапски Емирати, „Танец“ бил гостин на емиратот Шаржа под покровителство на султан бин Мухамед Ал-Касими каде што „Танец“ имал 19 настапи, а следувала и првата балканска турнеја во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска...

Џорлев рече дека во посета на НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ биле деца од градинките и ученици од средните училишта во Македонија... 

- Изминатата, 2016 година Националниот ансамбл „Танец“, уметничкиот кадар, ќе ја памети по тоа што по шест и пол децении најпосле платите се израмнија со Македонска опера и балет и Македонската филхармонија - истакна Џорлев.

Тој потенцира дека годинава продолжуваат со исто темпо - планираат пет хуманитарни концерти во Скопје, а не изостанува, како што рече, да направат и хуманитарен концерт, како оние за Трескавец, поплавените итн.

- Планиран е концерт во рамките на Скопско лето и Есенските музички свечености, како и традиционален велигденски концерт на 16 април во Скопје, а потоа и во Битола, Велес, Охрид и во Тетово. Ќе одиме на Балканскиот фестивал, како и концерти низ Македонија, и тоа во: Виница, Ресен, Македонски Брод, Гостивар, Неготино, Делчево, Истибања, Демир Капија, Демир Хисар и Крива Паланка -рече Џорлев.

Нагласи дека планираат две ревии на носии годинава, а ќе имаат и нова веб-страница. Во јуни, посочи Џорлев, ќе ја направиме шестата крводарителска акција, а планирано е да се издадат уште две аудиоизданија „Незаборав“ 5 и 6.

- Планирани се изработка на аранжмани за оркестарот и за пејачкиот хор на Ансамблот. Годинава ќе изработиме мултимедијално ДВД со брошура, а за кратко време треба да биде готово и едукативното ЦД кое ќе биде наменето за ученици од основните училишта...Ќе го одржиме и традиционалниот новогодишен концерт - истакна директорот на НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“.

Тој додаде дека на меѓународен план договараат колку концерти ќе имаат во Кина, договорен бил вокално-инструментален концерт на 4 мај во градот Гоце Делчев во Бугарија, а ќе продолжат и посетите на деца од градинки, ученици, постари лица...

obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk