Концерт на светски познатиот пијанист Ричард Клајдерман во Скопје

Ричард Клајдерман има издадено многу албуми со разновидна музика, од мелодии на популарни песни до класични изведби на пијано. Најчесто изведува композиции од Бетовен, Шопен и Моцарт ...

Светски познатиот пијанист Ричард Клајдерман во придружба на жичен октет на 1 април ќе одржи концерт во Македонската опера и балет во Скопје. Концертот се реализира со поддршка од Министерството за култура, во рамките на Програмата за поддршка на проекти од национален интерес во музичко-сценската дејност за 2017 година.

Светскиот виртуоз пред скопската публика ќе се претстави со неговите безвременски композиции кои ја воодушевуваат публиката на сите континенти.

Ричард Клајдерман е француски уметник со рекордна продажба на албуми, кој го има популаризирано пијаното во целиот свет повеќе од кој било, по Бетовен. Запишан е во Гинисовата книга на рекорди како најуспешен пијанист со продадени над 90 милиони албуми во светот.

Познат е како „принцот на романтиката”, поради неговиот стил на изведба на композициите.

Клајдерман ги полни салите и стадионите уште од 1976 година, кога неговиот прв сингл „Балада за Аделина”, компониран од францускиот музички продуцент Пол де Сеневил, достигна продажба од 22 милиона копии во 38 земји.

Оттогаш Клајдерман снимил над 1000 мелодии, со што станал еден од најуспешните инструментални репродуктивни уметници во светот, со продадени над 90 милиони албуми. На врвот од својата кариера реализирал 200 концерти за 250 дена.

Негови најпознати композиции, освен „Балада за Аделина”, се: „Love Story”, „Piano Concerto”, „Arabesque”, „Warsaw Concerto”, „Fur Elise”, „Clair De Lune” и многу други.

Ричард Клајдерман има издадено многу албуми со разновидна музика, од мелодии на популарни песни до класични изведби на пијано. Најчесто изведува композиции од Бетовен, Шопен и Моцарт.

obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk