Министерката за култура добитник на меѓународната награда „Yes to Art“

Оваа награда, која е единствена на меѓународно ниво, трета година по ред, во Истанбул, ја доделува реномираното списание за театар „Tiyatro Gazetesi“. На доделувањето се поканети повеќе од 50 врвни уметници, раководители на ансамбли на кои ќе им бидат доделени наградите, меѓу кои е и Националната установа Турски театар - Скопје ...

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска престојува во работна посета на Република Турција каде што ќе ѝ биде врачена меѓународната награда „Yes to Art“ во рамките на „Anatolian Theatrical Awards“, која ѝ се доделува за остварувања во уметноста и културата врз основа на досегашните активности реализирани во нашата земја.

Оваа награда, која е единствена на меѓународно ниво, трета година по ред, во Истанбул, ја доделува реномираното списание за театар „Tiyatro Gazetesi“. На доделувањето се поканети повеќе од 50 врвни уметници, раководители на ансамбли на кои ќе им бидат доделени наградите, меѓу кои е и Националната установа Турски театар - Скопје.

Ова е второ признание за министерката за култура Канческа-Милевска во Република Турција, која во 2011 година беше одликувана и со наградата „Златен чинар“ за посебни постигнувања во културата и уметноста.

Во рамките на својата посета, министерката за култура Канческа-Милевска во текот на денешниот ден ќе оствари билатерална средба со својот турски колега, министерот за култура и туризам Наби Авчи, со кого ќе разговара за актуелни проекти, но и за идните активности за продлабочување на културните врски меѓу Република Македонија и Република Турција.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk