Нова песна и фотографии во чест на роденденот на Тоше

Tose_640_-2

Во неговиот спомен-дом, овде на Гумење, неговите фанови имаа можност да ја погледнат изложбата на 10-ина досега необјавени фотографии на Тоше. Денеска на фановите им подаруваме уште една од неговите песни. Станува збор за инструменталната верзија на песната „Никада“ од албумот „Ден за нас“ ...

Во чест на 36-иот роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, денеска Фондацијата која го носи неговото име и Спомен-куќата на Тоше на Гумење промовираа нови, досега необјавени 10 фотографии од Тоше и инструменталната верзија на песната „Никад“.

Пред фановите и почитувачите на делото на Тоше, на промоцијата се обрати претседателот на Фондацијата „Тоше Проески“, Андреј Николоски, кој истакна дека на денешен ден се навршуваат 36 години од раѓањето од Тоше.

- Во неговиот спомен-дом, овде на Гумење, неговите фанови имаа можност да ја погледнат изложбата на 10-ина досега необјавени фотографии на Тоше. Денеска на фановите им подаруваме уште една од неговите песни. Станува збор за инструменталната верзија на песната „Никада“ од албумот „Ден за нас“. Имајќи го предвид хуманиот пат кој го одеше Тоше, во просториите на Спомен-куќата се одржа и крводарителска акција која станува традиционална. Истовремено денеска во Македонската опера и балет ќе се одржи финалето на изборот на кандидатите за мјузиклот „Тајно моја“ којшто ќе се подготвува во чест на Тоше - рече Николоски.

Tose_640_-4

Тој најави и низа настани со кои ќе се одбележи 10-годишнината од загинувањето на Тоше на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка во Хрватска. 

- Ќе се реализираат неколку проекти кои ќе му дадат посебно значење на ликот и делото на Тоше Проески. Првенствено, би го споменал новиот англиски албум кој што е во фаза на подготовка кај англискиот продуцент Енди Рајт, долгогодишен соработник на Тоше. Со поддршка на Министерството за култура планиран е голем концерт насловен како „Деценија без Тоше“. На концертот ќе бидат промовирани новите песни од англискиот албум, а ќе се потсетиме и на старите хитови на Тоше. Досега по смртта на Тоше, во музичките студија низ Балканот се пронајдени многу песни на Тоше, а се уште и се пронаоѓаат. Изминативиот период се објавени три албуми. Нашата идеја е континуирано да се објавуваат нови песни на Тоше со што и новите генерации ќе имаат можност да се запознаат со неговиот лик и дело што ги остави како аманет - истакна Николоски.

Tose_640_-3

Директорката на Спомен-куќата, Елена Мирчевска, посочи дека досега овој објект е посетен од над 350 000 лица.

- Секогаш има гости и негови фанови. Денес  е посебно затоа што има посетители од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија и од Русија. Откако е направен Музејот на Тоше, можеме да кажуваме дека е еден од најпосетуваните музеи во Македонија. Досега дошле над 350 илјади посетители од кои над 30 проценти се странски - рече Мирчевска.

Наташа Кандрашова од Северна Русија вели дека доаѓа во Крушево поради љубовта кон Тоше. 

- Доаѓам поради љубовта кон Тоше, поради светлината, споменот кои се во нас. Македонскиот јазик го научив токму преку песните на Тоше - рече Кандрашова.

Tose_640_-1

Фановите на Тоше го посетија неговото вечно почивалиште на Гумење каде што поделија торта во чест на неговиот роденден.

- Доаѓам од Загреб. Се чувствувам тажно и почестено што сум овде. Тоше лично не го знаев, но доаѓам сите години откако го нема. Го нема, ама е тука со нас неговата љубов - вели Бруна Хохњец од Загреб, Хрватска.

Дарја Илич од Словенија рече дека веќе десет години доаѓа во Македонија.

- Го сакаме Тоше. Ни даваше љубов и ние му возвраќаме со љубов - изјави Илич.

Tose_640_-5

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk