Презентирани проектите во културата за 2017

Drzaven_pres_1

Од покрупните проекти кои годинава ќе бидат завршени и промовирани се новата концертна сала на Македонската филхармонија, театарот во Струмица, реконструкцијата и санацијата на Албанскиот театар во Скопје, а продолжуваат и проектите за изградба на Турскиот театар, културно-образовниот центар во Тетово ...

Буџетот на Министерството за култура за 2017 година изнесува речиси 4,1 милијарди денари и во споредба со буџетот за 2016 е поголем за 15,43 отсто. Програмските средства за годинава изнесуваат 893.367.000 денари и со зголемен интензитет ќе се поддржуваат проекти од национален интерес од сите дејности од културата. Ова на денешната прес-конференција го истакна државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехаби.

Тој соопшти дека во институциите ќе се реализираат повеќе значајни премиерни изведби, а поддржани се премиерни изведби на опери, балети, оперски и балетски дела за деца. Предвидени се гостувања на Операта и Балетот во центрите за култура низ државава, симфониски концерти на Македонската филхармонија во Скопје и во другите градови низ Македонија...

Drzaven_pres_2

Шехаби рече дека традиционално ќе се реализираат повеќе манифестации, како: „Види музика - слушни слика - добиј книга!“, „Звуците на Чаршијата“, „Културно лето“, „Културна зима“, „Топол културен бран“...

Државниот секретар информира дека во издавачката дејност за 2017 се поддржани 426 проекти (336 публикации, 39 списанија, 23 проекти од електронското издаваштво и 28 проекти на литературни здруженија и книжевни манифестации). Тој нагласи дека годинава кај проектите на албански јазик има зголемување, по квантитет и квалитет. Поддржани се повеќе од 115 книги, четири електронски изданија и четири списанија.

Drzaven_pres_4

Од покрупните проекти кои годинава ќе бидат завршени и промовирани се: новата концертна сала на Македонската филхармонија, театарот во Струмица, реконструкцијата и санацијата на Албанскиот театар во Скопје, а продолжуваат и проектите за изградба на Турскиот театар, културно-образовниот центар во Тетово... 

Хамди Рашиди, член на Комисијата за драмска дејност, посочи дека е задоволен од албанските проекти, по број и квалитет. 

- Имаме новости годинава. Во Дебар првпат имаме куклен фестивал и нов театарски фестивал во Гостивар. Вкупно албански фестивали ќе имаме шест - во Скопје, Тетово, Гостивар, Струга и Дебар - рече Рашиди.

Drzaven_pres_5

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk