Пуштени во употреба часовниците на Саат-кулата во Гостивар

Sehapi_640_-2

На симболичното пуштање во употреба присуствуваше и државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехаби, кој нагласи дека со оваа последна инвестиција во симболот на градот се заокружува проектот за заштита на овој споменик на културата ...

Со симболично вклучување на механизмот, кој неодамна беше инсталиран, во употреба се ставени четирите часовници на Саат-кулата во Гостивар.

На симболичното пуштање во употреба присуствуваше и државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехаби, кој нагласи дека со оваа последна инвестиција во симболот на градот се заокружува проектот за заштита на овој споменик на културата.

- Ставењето во функција на часовниците, одржувањето и осветлувањето на Саат-кулата се еден од десетината проекти кои Министерството за култура ги финансираше во изминатиов период. Саат-кулата сега е ставена во функција и како таква, освен историското значење, сега ќе им биде од корист и на граѓаните. Овој проект е уште еден доказ дека се грижиме за културното наследство така што му ја враќаме убавината на градот. Отсега, очите на гостиварци пак ќе бидат насочени кон Саат-кулата и преку овој часовник ќе ги навиваат и домашните часовници - рече Шехаби.

Sehapi_640_-3 

Гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта искажа задоволство од соработката при реализација на проектот и најави дека во скоро време низ градот, покрај овие часовници, ќе бидат поставени уште четири на поважни локации.

Аднан Фејзулаи, директор на Конзерваторскиот центар од Гостивар, кој го реализираше овој проект нагласи дека механизмите кои ги постави фирмата изведувач, имаат и ГПС-поддршка со што постојано ќе го покажуваат точното локално време.

За механизмот и ставањето во употреба на часовниците, Министерството за култура инвестираше 520 илјади денари.

Со реконструкцијата, овој културно-исторски споменик од лани е ставен во функција и за туристички посети.

Саат-кулата важи за еден од најпрепознатливите објекти на Гостивар и како симбол на градот, ја има на општинското знаме и на грбот. Записите говорат дека била изградена во 17 век.

Sehapi_640_-1

obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk