ПРОЕКТИ КОИ СЕ СОДРЖАНИ ВО ГОДИШНИТЕ ПРОГРАМИ НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ ЗА 2017 ГОДИНА И ПРОЕКТИ ПОДДРЖАНИ НА ГОДИШНИТЕ КОНКУРСИ ПО ОДДЕЛНИ ОБЛАСТИ И АКТИВНОСТИ ОД КУЛТУРАТА ЗА 2017 ГОДИНА

ПРОЕКТИ КОИ СЕ СОДРЖАНИ ВО ГОДИШНИТЕ ПРОГРАМИ НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ ЗА 2017 ГОДИНА И ПРОЕКТИ ПОДДРЖАНИ  НА ГОДИШНИТЕ КОНКУРСИ ПО ОДДЕЛНИ ОБЛАСТИ И АКТИВНОСТИ ОД КУЛТУРАТА ЗА 2017 ГОДИНА

Врз основа на член 65 став 2 и став 4 и член 70 став 5 од Законот за културата („Службен весник на РМ“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15 и 39/16), Министерството за култура ги објавува проектите кои се поддржани од Министерството за култура за 2017 година, и тоа:

ПРОЕКТИ КОИ СЕ СОДРЖАНИ ВО ГОДИШНИТЕ ПРОГРАМИ НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ ЗА 2017 ГОДИНА И ПРОЕКТИ ПОДДРЖАНИ  НА ГОДИШНИТЕ КОНКУРСИ ПО ОДДЕЛНИ ОБЛАСТИ И АКТИВНОСТИ ОД КУЛТУРАТА ЗА 2017 ГОДИНА

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

За проектите содржани во годишните програми за работа на националните установи, министерот за култура по предлог на комисиите, односно надворешните соработници од член 11 став (4) од Законот за културата, а во согласност со член 70 од Законот за културата, одлучува за проектите кои се поддржани во годишната програма за работа на националните установи во културата. Министерството за култура и директорот на националната установа склучуваат договор за финансирање на годишната програма за работа на националната установа. Националните установи се должни на својата веб-страница да ги објават проектите кои ќе ги реализираат во тековната година.

За проектите по годишните конкурси, министерот за култура по предлог на комисиите, односно надворешните соработници од членот 11 став (4) од Законот за културата, одлучува за избор на проекти од национален интерес во културата доставени на објавените конкурси и донесува решенија за проекти кои се поддржани и кои не се поддржани на годишните конкурси. Во согласност со член 65 став (5) од Законот за културата, по добиеното решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Жалбата не го одлага извршувањето. Министерството за култура со субјектите кои се носители на прифатените проекти ќе склучи договор за финансирање проект од национален интерес во културата.

Скопје, јануари 2017                                                                                                               Министерство за култура


ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ

МЕЃУНАРОДНА БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА

МЕЃУНАРОДНА МУЛТИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА,  СОРАБОТКА СО УНЕСКО

ЦЕНТРИ ЗА КУЛТУРА ВО СТРАНСТВО

ИНВЕСТИЦИОНО ОДРЖУВАЊЕ И НАБАВКА НА ОПРЕМА ЗА УСТАНОВИТЕ

ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ




kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk