Тринаесет наградени композиции на вториот конкурсен рок за создавање класична музика

На вториот конкурсен рок за откуп на музички композиции од областа на класичната музика за 2016 година, доделени се 13 награди (шест први, пет втори и две трети) со вкупен износ од 2.225.000 денари ... 

Стимулирањето на домашното уметничко творештво е еден од врвните приоритети на Министерството за култура кое се поддржува и се развива во сите дејности од областа на културата. Министерството за култура, преку своите годишни програми и конкурси, континуирано обезбедува поддршка за создавање нови дела со кои се збогатува македонската уметничка продукција. Со воведувањето на новата мерка за откуп на дела согласно со Стратегијата за развој на културата 2013-2017, постигнати се извонредни резултати во насока на збогатување на националните фондови, афирмација на статусот на авторот и, се разбира, промоција на домашното творештво во меѓународни рамки. 

Во рамките на вториот конкурсен рок за откуп на музички композиции од областа на класичната музика за 2016 година, до Министерството за култура  беа поднесени 25 апликации во осум различни категории.Стручна комисија во состав: Марко Коловски и Тина Иванова-Бејкова - претставници од СОКОМ, Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ - претставници од МОБ, Владимир Костов и Емин Џијан - претставници од Македонската филхармонија, и Кире Костов - претставник од ФМУ Скопје, ги разгледаа пристигнатите апликации и, во согласност со направената  евалуација, додели 13 награди, односно шест први, пет втори и две трети награди со вкупен износ од 2.225.000 денари.

Според нивниот избор, во категоријата Композиции за хармонски инструмент, прва награда е доделена за делото „Imagine infinity“ на композиторот Ана Пандевска, а втора награда за делото „Кафез 10“ на авторот Тодор Трајчевски. 

Во категоријата Композиција за мешан хор доделени се три награди: прва награда за делото „Дај дуни дуни“ на композиторот Гоце Гавриловски; втора награда за делото „Слобода“ на композиторот Андреј Блажевски и трета награда за композицијата под шифра ЕЛФ на авторот Вања Николовски Ѓумар.

Во категоријата Композиција за квартет, комисијата доделила две награди: прва награда за делото „Процес“ на композиторот Андреј Блажевски и втора награда за композицијата под шифра С10Г на авторот Гоце Гавриловски.

Во категоријата Композиција за камерен состав од шест до девет инструменти, комисијата доделила три награди: прва награда за композицијата „PALHACO“ на композиторот Ана Пандевска; втора награда за делото „The morning train“ на композиторот Никола Димушевски и трета награда за делото „Капис“ на композиторот Илија Илиевски.

Во категоријата Композиција за инструментален солист и оркестар доделени се две награди: прва награда за делото „Концерт за виолина и оркестар бр. 1“ на композиторот Филип Иванов и втора награда за делото „Концерт за труба и оркестар“ на композиторот Панде Шахов.

Во категоријата Балет, каде што се доделува само прва награда, наградено е делото „Кокино - балет во еден чин“ на композиторот Никола Димушевски.

На Конкурсот за стимулација на творештвото од областа на класичната музика за 2016 година, во двата конкурсни рока се поддржани вкупно 33 дела на 23 реномирани автори.Министерството за култура и во иднина останува доследно на заложбите да води максимална грижа за македонските музички автори, стимулативно да го поттикнува творештвото, да ги помага градењето на уметничката кариера на македонските уметници и презентирањето на нивното творештво во домашни и во меѓународни рамки.

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk