Почна Вевчанскиот карневал

Vevcani_640_-3

Според традицијата, Василичарите утре околу пладне доаѓаат во центарот на Вевчани каде што ги играат василичарските ора. Манифестацијата ќе заврши со традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, со што се верува дека се ослободуваат од злото и  годината ќе им биде среќна и бериќетна ...

СОРОС во Македонија, Шарена револуција, федерализација и кантонизација на државата... се само дел од највпечатливите маски на овогодинашниот Вевчански карневал.

Покрај традиционалните зет, невеста, ѓаволите и глупавите Августи, низ вевчанските улици се продаваа и дипломи од Косово за 5.000 евра, а внимание привлекоа и фантомските тутунарки. Не изостанаа ниту маските од секојдневието, омилените цртани ликови, како и други со страшни и смешни содржини.

Карневалот за отворен го прогласи заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ, кој нагласи дека манифестацијата секоја година на Василица ги обединува Вевчанци и бројните посетители од целиот свет.

Vevcani_640_-2

- На овој ден, сите учесници и посетители со карневалски дух и со црвено вино се дел од единствената претстава која на сатиричен начин, но со добра волја не потсетува на настаните и личностите што ја одбележаа изминатата година. Вевчанскиот карневал е дел од нашата богата македонска изворна традиција која сите ние со голема грижа ја чуваме и ја пренесуваме на идните генерации. Горди сме на оваа манифестација на која василичарските огнови силно и го осветлуваат патот повеќе од илјада и четиристотини години, рече Недељковиќ.

Многубројните гости во Вевчани повторно ја доживеаја 15 вековната магија, во која вевчанци ги отсликуваат своите видувања на настаните што ја одбележаа реалноста во земјава и светот. Тие уживаа во шегите, довикувањата, ведриот дух и позитивната енергија на василичарите. Карактериситчно за манифестацијата е што никој никому не се лути, бидејќи ова се денови на мајтап во Вевчани.

Vevcani_640_-4

По дефилето, двете василичарски друштва Горна и Долна маала ќе ги посетат вевчанските семејства со желби за среќа и бериќет. Во утринските часови традиционално, според обичаите ќе одат на Вевчанските извори да наполнат вода со која се прави вевчанскиот кашаник во кој се става паричката. Присутните вечер ќе ги забавуваат Јордан Митев, Анета Наковска и Ефто Пупиноски, а Новата година според Јулијанскиот календар ќе биде дочекана со пет минутен огномет.

Според традицијата, Василичарите утре околу пладне доаѓаат во центарот на Вевчани каде што ги играат василичарските ора. Манифестацијата ќе заврши со традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, со што се верува дека се ослободуваат од злото и  годината ќе им биде среќна и бериќетна.

Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Задолжителни елементи се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои олицетворение на злото и двајцата глупи Августи кои ги штитат од злото. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар.

Vevcani_640_-1

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk