Целосно обновена и конзервирана црквата „Св. Пророк Илија“ во Дојран

Prorok_ilija_640_-1

Проектот за заштита на овој значаен споменик на културата се реализираше во шест фази, и тоа најпрвин беше направена конзервација на оригинално зачуваните делови од  подната покривка на црквата и реставрација на партиите што недостигаат, по што беше целосно оформен подот на црквата ...

Ве информираме дека со поддршка од Министерството за култура, во изминатиот период се реализираше проектот за целосна обнова и  конзервација на црквата „Св. Пророк Илија“ од 19 век, која е своевиден симбол на градот Дојран. За целосната обнова на црквата „Св. Илија“ во Дојран преку Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Струмица, во неколку буџетски години, Министерството за култура издвои средства во висина од околу 4 милиони денари.

Проектот за заштита на овој значаен споменик на културата се реализираше во шест фази, и тоа најпрвин беше направена конзервација на оригинално зачуваните делови од  подната покривка на црквата и реставрација на партиите што недостигаат, по што беше целосно оформен подот на црквата. На овие конзерваторско- реставраторски активности претходеше археолошко истражување на просторот под подното ниво, со што беа откриени постари сакрални градежни структури.

Prorok_ilija_640_-2

Третата фаза подразбираше конзервација и реставрација на источната фасада од црквата, а се одвиваа реставраторско-санациски работи на внатрешните ѕидови на објектот, оформување на отворите за прозорци и врати, како и финални работи на подот и на скалишниот простор од нартексот. Во 2015 година беше извршено малтерисување на внатрешноста на црквата, а кон крајот на минатата година беа реализирани и завршните фази од овој проект. 

Црквата е изградена во 1848 година година со доброволни прилози од дојранските верници. Главен архитект бил Ѓорѓе Новаков од велешкото село Папрадиште , а била разурната и ставена надвор од употреба во текот на Првата светска војна. Црквата „Св. Илија“, со својата должина од 30 метри, широчина од 20 метри и висина од 10 метри, претставува значаен и вреден архитектонски пример, кој има извонредна акустичност во својата внатрешност. Со целосната обнова на овој значаен споменик на културата, вратен е некогашниот сјај на црквата, а со тоа и можноста жителите на Дојран и сите посетители да го посетуваат овој духовен храм.

Prorok_ilija_640_-4


obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk