Божиќен концерт со прочуениот виолинист Џулијан Рахлин

Boziken_koncert_640_-3

Џулијан Рахлин е еден од највозбудливите и најпочитуваните виолинисти на нашето време. Во последните 27 години, тој ја маѓепсува публиката низ целиот свет со неговиот исклучително богат звук, беспрекорна изведба и маестрални интерпретации, соработувајќи со најпрестижните диригенти и оркестри...

На 7 јануари, по повод еден од најголемите христијански празници Божик, Македонската филхармонија, со поддршка на Министерството за култура, го одржа традиционалниот Божикен концерт на кој како солист, но и како диригент, се претстави светски познатиот виолинист Џулијан Рахлин.
На програмата на овој концерт, кој со силен аплауз и овации беше поздравен од страна на публиката, беа виенски маршеви, романтични увертири, популарни танци...
Џулијан Рахлин е еден од највозбудливите и најпочитуваните виолинисти на нашето време. Во последните 27 години, тој ја маѓепсува публиката низ целиот свет со неговиот исклучително богат звук, беспрекорна изведба и маестрални интерпретации, соработувајќи со најпрестижните диригенти и оркестри.
Boziken_koncert_640_-1
Неговата желба да ги проширува сопствените музички хоризонти, ќе го одведе Рахлин и во сферата на диригирањето, а чести ќе станат и неговите изведби на виола. Неговите турнеи се постојани, а оваа концертна сезона настапи во Европа и Северна Америка со Националниот оркестар на Франција под диригентската палка на маестро Даниеле Гати, потоа настапи на отворањето на сезоната со филхармонискиот оркестар „Ла Скала“ со маестро Рикардо Шаји, како и на фестивалот во Луцерн со маестро Марис Јансонс... Од неговите последни ангажмани се издвојуваат настапите во „Музиквереин“ во Виена со Минхенската филхармонија и маестро Семјон Бичков, како диригент со Англискиот камерен оркестар, соработката со виолончелистот Миша Мајски и пијанистот Итамар Голан, со Лондонската филхармонија и Андреј Борејко, со Баварскиот државен оркестар и Зубин Мехта, со Симфонискиот оркестар на Бостон и Алан Гилберт, но и со Филхармонијата на Санкт Петербург и Јуриј Темирканов. 
Boziken_koncert_640_2
obrakanje-minister

Фотогалерии

  • 0
  • 1
  • 2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk