Уште едно издание на Вевчанскиот карневал - една од најголемите и најуникатни културни знаменитости во државава

Vevcanski_karneval_640_-1

Вевчанскиот карневал се одржува еднаш во годината и го слави доаѓањето на Новата година според стариот календар ...

Општина Вевчани денеска ја презентираше програмата за претстојното издание на Вевчанскиот карневал 2017, една од најголемите и најуникатни културни знаменитости во државава.

На презентацијата на програмата учествуваа дел од музичките изведувачи кои ќе настапат на годинашното издание, заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ и градоначалникот на Општина Вевчани Цветомир Угриноски.

Вевчанскиот карневал се одржува еднаш во годината и го слави доаѓањето на Новата година според стариот календар.

Vevcanski_karneval_640_-4

Вевчанци секоја година ја негуваат традицијата која трае со векови и се маскираат на Василица. Годинава продукцијата „Пасворд” е организатор на музичкиот и на забавниот дел на Карневалот. Музичкиот дел почнува на 12 јануари, од 21 часот.


Гостите на Карневалот ќе ги забавуваат аренби дуото ДНК, женската четворка од Нови Сад „Фрајле”, и за крај, групата „Нокаут”.

Vevcanski_karneval_640_-3


На 13 јануари во 13 часот е традиционалното дефиле на маските, кое ќе трае цело попладне, а потоа вевчанци и гостите се подготвуваат за вториот музички ден. Од 21 часот на Стара нова година, музичката програма е во знакот на македонските фолк-пејачи. Ќе пеат Анета Наковска и Ефто Пупиновски.

Вевчанскиот карневал завршува на 14 јануари со традиционалното палење на маските.

Vevcanski_karneval_640_-2

kultura_logo_2

oglas

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanecarheoloski-vesnik

exploring-macedonia

macefdrr     

 cultema_logo    msu_logo_mk