Годинава целосно ќе биде конзервирана црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново

Kurbinovo_2_320Црквата „Св. Ѓорѓи“ во ресенското село Курбиново со претстојната реконструкција ќе биде целосно заштитена во внатрешниот и во надворешниот дел за што ќе бидат применети современи техники и методи ...

Црквата „Св. Ѓорѓи“ во преспанското село Курбиново, прогласена за споменик на културата уште од 1952 година, како едно од врвните остварувања на источнохристијанската култура, годинава е еден од приоритетите за реконструкција и конзервација.
На денешната прес-конференција во Битола беше посочено дека екипите на НУ Завод и музеј - Битола постојано се на терен, ја следат ситуацијата со сите споменици на културата и утврдиле дека црквата „Св. Ѓорѓи“ треба брзо да се санира затоа што нејзините оштетувања се евидентни, а особено биле нарушени во делот на статичката состојба предизвикана од земјотрес.

Kurbinovo_3_450- Значењето на овој споменик е многу големо и затоа оваа година врвен приоритет на Министерството за култура и на НУ Завод и музеј - Битола ќе биде реконструкцијата на црквата во селото Курбиново. Во текот на оваа година ќе се направи конструктивно зацврстување на архитектурата, ќе се промени покривот на црквата и ќе се исчисти и конзервира фрескоживописот.

За целосна реализација на овој значаен проект, обезбедени се шест милиони денари и притоа ќе бидат вклучени врвни македонски експерти - истакна Љиљана Христова, директорка на НУ Завод и музеј - Битола.

Црквата „Св. Ѓорѓи“ во ресенското село Курбиново со претстојната реконструкција ќе биде целосно заштитена во внатрешниот и во надворешниот дел за што ќе бидат применети современи техники и методи, а со единствена цел лузните кои останале врз црквата да бидат што помали и понезабележливи, со што спомениците ќе ги предадеме на идните генерации во подобра состојба, посочија експертите на НУ Завод и музеј - Битола.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia